Лидерски потенцијали и вештини

×

Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in _menu_load_objects() (line 579 of /home/cosmoinnovate/public_html/includes/menu.inc).
лидерски вештини

Семинарот Лидерски потенцијали и вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност. Семинарот кај учесниците ќе придонесе за постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.

 

Почеток: (ON-LINE или физичко присуство) менторство и интерни групи, термини по договор 

термин за настава: менторство (5 сесии х 120 мин) во термин по договор или сабота: 10.00-15.00 (х 2 предавања) , или интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма

фонд на часови: 15 / (еден наставен час - 40 минути)

цeнa: 27.500,00 ден./групи до 5 учесници

предавач: Катерина Вељановска Блажевска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Лидерски Потенцијали и Вештини

Придобивки од обука

Со завршување на семинарот учесниците ќе научат:

  • како да го препознаат лидерот во себе
  • како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе
  • како да ги поттикнат и мотивираат вработените
  • како да воспостават продуктивно партнерство со вработените
  • како да изградат свој автентичен лидерски стил
  • како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации
  • како да изградат позитивен дух во тимот
  • како да одговорат на позитивен или негативен фидбек
  • како да поттикнат креативно размислување и иновации
  • како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности

Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Менаџментот значи ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.

За успешно лидерство потребна е комуникациска стратегија во интерните односи со вработените во организацијата. Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со интерната јавност и на промена на однесувањето и очекувањата.

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат печатени работни материјали

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

Реализација

Програмата се реализира како (ON-LINE или физичко присуство) менторство (индивидуално или интерна група) 5 сесии по 120 мин, како интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-15.00 часот.

Пријавување и котизација

Пријавување се реализира со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.cosmoinnovate.com.mk/sites/default/files/prijava-liderski_pot...и доставување на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk                                                                                                                             

Котизација за реализација на семинарот е 27.500,00 ден./групи до 5 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 5.000,00 ден / учесник. Максимален број е 10 учесници во една група.

пријавување и информации:
 (02) 244 8077; 070 223 686
contact@cosmoinnovate.com.mk