Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање

×

Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in _menu_load_objects() (line 579 of /home/cosmoinnovate/public_html/includes/menu.inc).

Семинарот се организира како интерна обука за стратешко размислување и тим билдинг на човечките ресурси од извршниот менаџмент во организациите, со прилагодена програма на реализација.

Програмата е наменета за стекнување вештини од областа на интегрирано бизнис планирање, управувањето со буџетирањето и контролингот за деловни субјекти, комерцијални и јавни претпријатија и непрофитни организации. Семинарот е наменет за сите вработени кои работат или ќе работат како менаџери, секторски раководители, финансиски раководители и координатори во профитни субјекти и непрофитни организации. 

 

Почеток: (ON-LINE или физичко присуство) менторство и интерни групи, термин по договор

термин за настава: менторство (6 сесии х 120 мин) во термин по договор или сабота: 10.00-16.00 (х 2 предавања) , или интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма

фонд на часови: 18 / (еден наставен час - 40 минути)

цeнa: 69.000,00 ден./групи до 10 учесници

предавачи: Анета Тодоровска и Владимир Матевски

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање

Програма за обука

На семинарот ќе се обработат следните теми:

  • Стратешко размислување во бизнис планирањето 
  • Од визија до контрола на целото
  • Менаџмент на ризиците
  • Буџетски системи во компанијата/фирмата
  • Релација меѓу буџетот и останатите функции во компанијата (управување со трошоците и планирањето)
  • Бизнис план и буџетирање
  • Процес на буџетирање – Budget cycle
  • Изготвување на буџетот за продажба/производство/маркетинг/администрација
  • Клучни показатели за следење на буџетот
  • Консолидација на буџетот и Rolling forecast
  • Улогата на контролингот во процесот на буџетирањето - Budget control

Со користење на соодветните инструменти, преку буџетирањето и контролингот, може да се воочат аномалиите во работењето и да се предупреди менаџментот на потенцијалните можности или проблеми во деловното работење.

Една од придобивките на контролингот е интегрираниот бизнис-план, кој се состои од план за активности, буџет и цели на компанијата. Контролингот во текот на годината ги следи активностите и подготвува извештаи за управување и менаџирање на сите нивоа.

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат печатени работни материјали

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

Реализација

Програмата се реализира како (ON-LINE или физичко присуство) менторство (индивидуално или група) 6 сесии по 120 мин, како интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-16.00 часот.

 

Пријавување и котизација

Пријавување учество на обуката се реализира со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.cosmoinnovate.com.mk/sites/default/files/prijava_-_seminar_za...и доставување на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk                                                                                                                             

Котизација за реализација на семинарот е 69.000,00 ден./групи до 10 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 6.100,00 ден / учесник. Максимален број е 16 учесници во една група.

пријавување и информации:
 (02) 244 8077; 070 223 686
contact@cosmoinnovate.com.mk