Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање
Семинарот се организира како интерна обука за стратешко размислување и тим билдинг на човечките ресурси од извршниот менаџмент во организациите, со прилагодена програма на реализација.
Програмата е наменета за стекнување вештини од областа на интегрирано бизнис планирање, управувањето со буџетирањето и контролингот за деловни субјекти, комерцијални и јавни претпријатија и непрофитни организации. Семинарот е наменет за сите вработени кои работат или ќе работат како менаџери, секторски раководители, финансиски раководители и координатори во профитни субјекти и непрофитни организации.
Почеток: (ON-LINE или физичко присуство) менторство и интерни групи, термин по договор
термин за настава: менторство (6 сесии х 120 мин) во термин по договор или сабота: 10.00-16.00 (х 2 предавања) , или интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма
фонд на часови: 18 / (еден наставен час - 40 минути)
цeнa: 69.000,00 ден./групи до 10 учесници
предавачи: Анета Тодоровска и Владимир Матевски
ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките
сертификат: Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање
Програма за обука
На семинарот ќе се обработат следните теми:
- Стратешко размислување во бизнис планирањето
- Од визија до контрола на целото
- Менаџмент на ризиците
- Буџетски системи во компанијата/фирмата
- Релација меѓу буџетот и останатите функции во компанијата (управување со трошоците и планирањето)
- Бизнис план и буџетирање
- Процес на буџетирање – Budget cycle
- Изготвување на буџетот за продажба/производство/маркетинг/администрација
- Клучни показатели за следење на буџетот
- Консолидација на буџетот и Rolling forecast
- Улогата на контролингот во процесот на буџетирањето - Budget control
Со користење на соодветните инструменти, преку буџетирањето и контролингот, може да се воочат аномалиите во работењето и да се предупреди менаџментот на потенцијалните можности или проблеми во деловното работење.
Една од придобивките на контролингот е интегрираниот бизнис-план, кој се состои од план за активности, буџет и цели на компанијата. Контролингот во текот на годината ги следи активностите и подготвува извештаи за управување и менаџирање на сите нивоа.
Литература
сите учесници на обуката ќе добијат печатени работни материјали
Метод на настава
интерактивни техники на ангажирано подучување и учење
Реализација
Програмата се реализира како (ON-LINE или физичко присуство) менторство (индивидуално или група) 6 сесии по 120 мин, како интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-16.00 часот.
Пријавување и котизација
Пријавување учество на обуката се реализира со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.cosmoinnovate.com.mk/sites/default/files/prijava_-_seminar_za...и доставување на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk
Котизација за реализација на семинарот е 69.000,00 ден./групи до 10 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 6.100,00 ден / учесник. Максимален број е 16 учесници во една група.
пријавување и информации:
(02) 244 8077; 070 223 686
contact@cosmoinnovate.com.mk