ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник

Продажни и комуникациски вештини

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

вторник: 17.30 - 20.10 часот (x 2 предавања)

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)


Социјални медиуми и on-line брендирање
-
7 март 2016 година
(со доплата од 1.800,00 денари на две рати) повеќе...

Деловна комуникација - 15 март 2016 година
(со доплата од 2.350,00 денари на две рати) повеќе...


предавач: Катерина Вељановска

(CV, тренери)

ГРУПА - март

1 март 2016

 

ГРУПА - февруари

23 февруари 2016

 

НОВА ГРУПА - ноември

18-25 ноември 2015

 

ГРУПА - ноември

4-11 ноември 2015

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

сертификат: Продажни и комуникациски вештини


Значењето на деловното презентирање производи, услуги, проекти и идеи, како и развивањето продажни односи и комуникација со клиенти и потрошувачи - се централни теми на овој семинар.

Цели на семинарот

Обуката е развиена со цел да се зголеми самодовербата на презентерите и продавачите и да се научат релевантни техники за интерни и јавни презентации, како и развивање комуникација и односи со клиенти и потрошувачи кои ќе доведат до продажба.


Учесниците ќе добијат преглед на современите форми на презентирање и ќе им се претстават нови техники на реализирање презентации и јавни настапи.

Преку интересни техники, лесни за примена и разбирање, учесниците ќе имаат можност да ги осознаат тајните на успешните говорници, каде не е пресуден талентот, туку успешното совладување на приложените техники и редовното вежбање.

На семинарот ќе се претстават техники и стратегии за воспоставување продажен однос со потрошувачот/клиентот, влијание во процесот на донесувањето одлука за купување, водење тешки деловни разговори, но и успешна комуникација во конкурентно деловно опкружување.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Интерперсонално однесување

  • Вербална комуникација (фази на деловен разговор)

  • Невербална комуникација (говор на телото)

  • Наклонетост

2. Потребите како двигатели на човековата активност (мотивација на купувачи) 

3. Односи со клиенти - потрошувачи - односи со јавност

  • анализа на потрошувачи

  • знаење и заинтересираност на потрошувачот за вашиот производ

  • ставови и намери на потрошувачите

  • влијание врз однесувањето на потрошувачите

  • вештини на односи со потрошувачите

4. Однесување на потрошувачите

4.1. Што е однесување со потрошувачот?

  • Однесување со потрошувачите е динамичка категорија

  • Однесување на потрошувачите вклучува интеракција

  • Однесување со потрошувачите вклучува размена

  • Намени на истражувања на однесувањето со потрошувачите

4.2. Неколку прашања на истражување на однесувањето со потрошувачите

4.3. Продирање подлабоко во разбирањето на потрошувачите

  • Змет интервју

4.4. Нивоа на анализа на потрошувачите

  • Тркало на анализа на потрошувачите

  • Компоненти на анализа на однесувањето со потрошувачите

  • Опкружување

  • Однесување

  • Емоционален и сознаен аспект

  • Видови или нивоа на емоционални реакции

  • Емоционален систем

4.5. Што е спознавање?

4.6. Поврзаност помеѓу емоционалниот и сознајниот систем

  • Знаење зачувано во сеќавањето (типови, структура, сознајно знаење)

4.7. Знаење и заинтересираност на потрошувачот за Вашиот производ

  •  Нивоа на знаење на потрошувачите

  •  Производите како сноп од карактеристики

  •  Производите како сноп од поволности

  •  Производи како задоволувачи на очекуваниот квалитет

4.8. Ставови и намери

4.9. Влијание врз однесувањата на потрошувачите

  • Стратегии за влијание врз однесувањето на потрошувачите

  • Социјален маркетинг

  • Поттикнување на посакуваните постапки

  • Спречување на несаканите постапки

  • Стратегиски модел за извршување влијание врз однесувањата на потрошувачите

 5. Ефикасно зборување - клуч за деловен успех

  • основи на успешно зборување

  • говорот како вештина на комуницирање

  • говор со цел да се придобијат слушателите - клиенти, потрошувачи, деловни партнери, соработници, пријатели

Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за подготовка и реализација на продажен разговор, воспоставување продажна комуникација и односи со потрошувачите и јавноста, презентирање и водење преговори во современиот деловен свет.

Со осознавање на вештините на односи со потрошувачите, клиентите, остваруваме позитивен контакт со нашата целна група и долгорочно го креираме посакуваниот деловен успех.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот
ПРОДАЖНИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ

ќе започне на

1 март 2016 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.