ЦЕНА

5.900,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник Инвестициско планирање и анализа

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 16 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач:

Veysel SARAÇ, ISCED 5А сертифициран, согласно ISBE-препораките

сертификат: Инвестициско планирање и анализа

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

Во пазарниот систем на стопанисување, преземањето одредени инвестициски активности е речиси незамисливо без да се пристапи кон оптимирање на програмата за инвестиција и развој. За таа цел, потребно е оперативно да се сработат одредени анализи и програми, односно да се пристапи кон програмирање на инвестицискиот менаџмент.

За време на обуката, идните инвеститори и изработувачи на инвестициски програми ќе се здобијат со податоци за карактеристиките на инвестициските проекти и за самата изработка на инвестициската програма (вклучувајќи анализа на пазарот и оперативен план, финансиски план и пресметка на економската ефикасност, време на враќање на инвестицијата - paybackperiod и интерна стапка на рентабилност IRR - Internal Rate of Return) според критериумите на комерцијалните банки за финансирање на приватниот сектор.

Ќе се работи на практични примери од реализирани инвестициски проекти но, исто така, секој од учесниците на обуката ќе треба да подготви инвестициска програма во областа на својот интерес.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • методи на планирање и програмирање на инвестицијата

  • содржина на инвестициската програма

  • економска ефикасност на инвестициите

  • следење на реализацијата на инвестицискиот проект

  • статични и динамични методи за проценка на проекти

  • интерна стапка на повраток - IRR Internal Rate of Return

  • метод на вредност на капиталот - нето-сегашна вредност

  • пресметка на инвестицијата и инфлацијата, споредба на каматите

Со завршување на обуката и изработката на инвестициската програма, учесниците ќе добијат одговори на прашањата:
Може ли да се постигне економска ефикасност во инвестициските проекти?
Која е големината на инвестициските средства?
Колкаво е времето на враќање на инвестицијата?
Какви развојни способности треба да има инвеститорот?
Кои се критериумите за оценка и избор на проектите?
Какво финансирање е можно за инвестиционите проекти?

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.