Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник THEMEN AKTUELL

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

60 часа:

14.400,00 денари

(плаќање на 4 рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

фонд на часови: 60 / ECVET кредити: 4

(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Јасмина Митревска

ISCED 5А сертифициранa, согласно ISBE-препораките

сертификат: курс за германски јазик - Grundstufe 2

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

бесплатен прирачник за учесниците на обуката
THEMEN AKTUELL

 

Themen aktuell

Hartmut Aufderstraße, Heiko Bock, Mechthild Gerdes, Jutta Müller,

Dr. Helmut Müller (Max Hueber Verlag)

Themen aktuell е курс наменет за возрасни слушатели и се практикува како курс за германски јазик како странски јазик во центри за образование на возрасни, Гете Институти, универзитети и други институции во светот. Програмата е со комуникативна намена и содржи автентични разговори, кои се важни за лесна комуникација во секојдневниот живот. Вградени се и специфични вежби за комуникација во деловна средина.

 

Книгата содржи специфични вежби, речник и граматички структури потребни за систематски развој и напредок во изучувањето на јазикот.

Посебен акцент е ставен на практикување на слушање и читање преку широк спектар на специјално избрани и уредени текстови. Книгата е илустрирана со фотографии и цртежи во боја и содржи CD-ROM со визуелни и аудио содржини.

Теми кои ќе се обработат на курсот:

  • Aussehen und Persцnlichkeit

  • Schule, Ausbildung, Beruf

  • Unterhaltung und Fernsehen

  • Industrie, Arbeit, Wirtschaft

  • Familie und persцnliche

  • Beziehungen

  • Natur und Umwelt

  • Deutsche im Ausland und Auslдnder in Deutschland

  • Nachrichten, Politik undGeschichte

  • Alte Menschen

  • Bьcher lesen

Совладувањето на граматичката структура се случува индуктивно преку текстовите, а преку бројните вежби и задачи за проверка постепено се збогатува речникот на учесниците на курсот.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.