• Почетнa
  • Услуги
  • Производи
  • Референци
  • Работа
  • За нас
  • Контакт

БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

зголеми



автор
: Слободан Софески

практичен прирачник

92 страни, А5 формат, полутврда подврска
компјутерска обработка: Живко Атанасов
нацрт на корица: Емилија Софеска
печатница: Ри-Графика, Скопје

Подготвениот материјал е наменет за лица кои предходно имаат познавање од областа на електротехниката и соодветно школско образование од најмалку втор степен (основно образование). Поголем дел од вработените постојано во работењето се сретнуваат со опасност по нивниот живот од нестручно и невнимателно ракување со електричните мрежи и постројки.

На овој начин се прави обид, низ пет поглавја од овој прирачник и преку примери, да се проследат карактеристичните случаи кои се сретнуваат во практиката при опслужувањето на сите електрични мрежи и постројки. Прирачникот може да послужи како секојдневен потсетник, како литература за периодична проверка на знаењата на вработените од одговорни работни места и како учебник за оние кои првпат се сретнуваат или сакаат да дознаат нешто повеќе за опасностите кои се јавуваат при манипулација со електрична енергија при секојдневна работа. Потребата од ваков вид пишана литература во Република Македонија ќе биде оправдано доколку читателите за кои е наменета ја прифатат како сериозна опомена по нивното здравје и живот, зашто дружењето со електричната енергија е предизвик и задоволство, но секогаш е потребно доволно знаење, совест, здрав и трезвен дух.

Во последното поглавје се дадени и неколку совети од прва помош при несреќен случај од струен удар.

 

Содржина на прирачникот:

 

Вовед

1. Влијание на електричната струја врз човекот

2. Извори на опасност од електрична струја

  • директен допир на постројката под напон

  • допир меѓу проводник на мрежа со

  • заземјување на нулта точка

  • допир на проводниците кај мрежа со

  • изолирана нула

  • двоен земјоспој на мрежата со изолирано

  • ѕвездиште

  • опасноста од приближување на водови под

  • висок напон

  • индуциран напон

  • премин на висок напон на постројка на низок

  • напон

  • делување на електрично поле на човекот

  • атмосферски пренапони

  • опасности од електричен лак

3. Техничка сигурност

  • заштитно заземјување

  • заштитно заземјување со помош на заеднички

  • заземјувач

  • нуловање

  • прв услов на нуловање

  • втор услов на нуловање

  • трет услов на нуловање

  • четврт услов на нуловање

  • нуловање и заштитно заземјување со иста

  • електрична мрежа

  • нуловање со посебен заштитен проводник

  • заштитно заземјување на изолиран систем

  • заштитна напонска склопка

  • заштита со струјна склопка

  • изедначување на потенцијалот

  • споредбена анализа на заштитните мерки од

  • превисок допирен напон

4. Услови за безбедна работа на електричните мрежи и постројки

  • заземјување и заземјувачи

  • видови на заземјување

  • погонско заземјување

  • одводник на пренапони

  • заштитно заземјување

  • облици на заземјувачи

  • цевасти заземјувачи

  • тракасти заземјувачи

  • преоден отпор на заземјување

  • специфичен отпор

  • одржување и контрола на електричните

  • инсталации

5. Правила за безбедна работа на електричните постројки и прва помош

  • работа во безнапонска состојба

  • работа во близина на напон

  • прва помош

  • ослободување на унесречениот од струјно коло

  • прв преглед на повредениот

  • вештачко дишење 


Авторски права © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права се задржани. Репродукција на приложениот материјал во целост или на делови во било која форма или во медиуми без писмено одобрение на КОСМО Иновативен Центар е забрането. 

Copyright © 2003 COSMO Innovate Center. All rights reserved. Reproduction in whole or in part in any form or medium  without the express written permission of COSMO Innovate Centar is prohibited.
 

дома      услуги      производи      работа      за нас      контакт
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.