ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат литература

ВЕШТИНИ НА КОМУНИКАЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

 

 

 

ГРУПА - февруари

12-19 февруари 2016

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

12-19 февруари 2016 година

петок: 17.00 - 19.40 часот (x 2 предавања)

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)


Социјални медиуми и on-line брендирање
- 29 февруари 2016 година
(со доплата од 1.800,00 денари на две рати) повеќе...

Деловна комуникација - 1 март 2016 година
(со доплата од 2.350,00 денари на две рати) повеќе...


предавач: Катерина Вељановска

(CV, тренери)

сертификат:
Вештини на комуникација и односи со јавност


Односите со јавноста значат креирање и одржување на корисни односи меѓу организацијата и нејзината јавност. ПР професионалците ги препознаваат и поттикнуваат клучните потреби и мислења на лидерите, потенцијалните инвеститори и релевантните заинтересирани субјекти. Овие односи е важно да се развијат и уште повеќе е важно да се негуваат.

Често можете да видите претставници кои зборуваат од името на една компанија или институција во време на криза или промоција. Јавното говорење е вештина која не се практикува секој ден, но треба да ја познавате и да ја практикувате секогаш кога е потребно. Оваа вештина се стекнува со вежбање при кратки интервјуа, одговарања на прашања на презентации по што би следела и вашата прва прес конференција.


Цели на семинарот

Ефективните комуникациски вештини имаат клучно значење за оние кои сакаат успех во односите со јавноста или маркетингот. Сепак, маркетинг професионалците не се секогаш експерти во односите со јавноста, како што и професионалците за односи со јавност не се секогаш вешти во сите видови на комуникација.

Професионалците за односи со јавноста и маркетинг професионалците се вообичаено специјализирани за една вештина, но континуирано стекнуваат искуство и следат обуки за подобрување на тие области каде што тие се помалку сигурни.


Jавно говорење

Задолжените за односи со јавноста и маркетинг мора да ги владеат вештините за јавно говорење, бидејќи тие често се наоѓаат пред клиенти, новинари, претставниците на заедницата или други групи. Вештината за јавно говорење се состои од проценка и анализа на публиката, пишување/подготовка на говорот и самиот говор. Говорот треба да одговори на потребите на публиката.

Невербална комуникација

Успешните професионалци за односи со јавноста и маркетинг ги владеат техниките на невербалната комуникација. Во невербалната комуникација се вклучуваат контакт со очите, држење, гестови и слушање.

Лидерство

Целите на комуникацијата и маркетингот бараат да се постигнат од тим на писатели, дизајнери, уредници и техничари, професионалци за односи со јавноста и маркетинг, за што се потребни лидерски вештини за тимот ефикасно да ја реализира кампањата. Поради тоа одговорните за маркетинг и односи со јавноста треба да ги разберат основите на теориите за лидерство и да знаат да изберат најдобар приод за водење на својот тим. Тие исто така користат комуникациски вештини за да ги инспирираат, како и да ги држат членовите на тимот одговорни за поставените задачи.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

 

I. ЕФEКТИВНО ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ – ПОСТИГНЕТЕ ЛИЧЕН/ДЕЛОВЕН УСПЕХ
1. Основи на успешно зборување
2. Брз и лесен пат до успешен говор
3. Вештина на комуницирање
4. Говор со цел да се придобијат слушателите (клиенти – потрошувачи, деловни партнери, соработници, пријатели)
5. Предизвик за успешен говор

 

II. КАКО ДА ДАДЕТЕ И ДА ДОБИЕТЕ ПОДОБРА УСЛУГА – ОДНОС СО СТЕКХОЛДЕРИ/СОРАБОТНИЦИ
1. Ставови и намери
2. Односи со стекхолдери/соработници (совети за успешно справување)

 

III. ВЕШТИНИ НА КОМУНИЦИРАЊЕ

1. Комуникација
2. Модел на комуникација
3. Успешна комуникација - лидер во своето поле на делување
4. Имате работен состанок со Ваш потенцијален соработник. Како да се однесувате?
5. Како до подобра комуникација?
6. Уметноста на јавно говорење и комуницирање

 

IV. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ – АЛАТКА ЗА УСПЕШНА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

1. Односи со јавност – дефинирање и разбирање
2. Јавност и јавно мислење
3. Предизвикот: Односи со јавност
4. Како до ефикасно PR делување
5. Практика на PR
6. Комуникациски план

Оваа обука има иновативна и интересна програма која на учесниците ќе им овозможи да се здобијат со сите професионални вештини за успех во областа на PR, маркетинг и планирање на настан. Ќе научат се што треба да знаат за тоа како да се претстават себе си и својата организација на медиумите и во другите области од нивниот професионален живот.

Учесниците ќе се обучат низ практични примери и ќе стекнат стручни вештини со кои ќе се подготват за успешен влез во светот на PR и бизнисот.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот
ВЕШТИНИ НА КОМУНИКАЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

ќе започне на

12 февруари 2016 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.