ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат е-прирачник СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

ГРУПА - ноември

6 ноември 2017

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244

contact@cosmoinnovate.com.mk

 

понеделник: 19.40 - 21.40 часот (x 3 предавања)

цена
3.850,00 денари
(на две месечни рати)

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Искра Трајкоска

(CV, тренери)

сертификат:
Управување со човечки ресурси


Улогата на човечките ресурси е пресудна во работењето на секоја организација. Од управувањето со човечките ресурси зависи третманот на луѓето во организацијата и со тоа нивната посветеност во остварувањето на целите во работењето.

Многу организации му даваат приоритет на мотивирањето и правилното управување со сопствените човечки ресурси. Успешното управување со човечките ресурси значи вклучување на луѓето во организацијата, помагање при реализација на нивните работни обврски, решавање на настанатите проблеми и надоместување за нивниот труд.

За да се остварат наведените приоритети, одговорниот за управување со човечките ресурси треба да знае да ги употреби постојните методи за управување, да биде способен да реализира ефективен процес на селекција, да знае како да ги мотивира луѓето да работат ефективно, да знае да креира ефективна структура меѓу постојните човечки ресурси во организацијата, да знае како да помага индивидуално и да го поддржува тимот.


Цели на семинарот

Семинарот Управување со човечки ресурси има цел на учесниците да им се потенцира значењето и функциите на управувањето со човечки ресурси, да им се зголеми самодовербата и вештините потребни за нивно успешно менаџирање.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • организациско однесување

  • стратешки менаџмент на човековите ресурси и подобрување на конкурентноста

  • вработување и селекција

  • управување со извршување на работата (Performance Management)

  • обуки и развој (развој на човечки ресурси)

  • организациски промени

  • контрола во управувањето со човечки ресурси

  • управување со откази

Програмата на семинарот е подготвена за учество на одговорни лица за управување со човечки ресурси во мали и средни претпријатија, менаџери или одговорни за развој и обука на човечки ресурси, во поголеми организации и компании.

Ефектите од едукацијата на учесниците на семинарот во нивните матични претпријатија и организации ќе се манифестира со:

  • зголемена мотивација на вработените

  • зголемена посветеност во реализирањето на работните обврски

  • поголема ефикасност при селекцијата и оценувањето на кандидати за вработување

  • помал одлив на кадар

  • ефективна контрола и идентификација на застојот во извршување на работата кај вработените

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот ќе се реализира од

6 ноември 2017 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.