Цена

до 15 септември 2014:

10.920,00 денари

(плаќање на 3 рати)

 

по 9 септември 2014:

редовна цена*

15.600,00 денари

(плаќање на 4 рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

*важи само за редовната цена

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник  МАРКЕТИНГ-ПРИРАЧНИК ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕПРИЈАТИЈА и eCOMMERCE

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

септемри - декември 2014

вторник и четврток: 17.30 - 19.30 часот (x 24 предавања)

цена

10.920,00 денари (до 15.09.2014)

15.600,00 денари (по 9.09.2014)

фонд на часови: 70 / ECVET-кредити: 4
(еден наставен час - 40 минути)

предавачи: Анита Алексова, Сања Божиќ,
Савица Поп Тонева и Сузана Николовска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Современ маркетинг

ГРУПА - септември
16 септември 2014

 

ГРУПА - јуни
5 јуни
2014

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

прирачник за учесниците на обуката:
МАРКЕТИНГ ПРИРАЧНИК ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

 

eCOMMERCE

Обуката СОВРЕМЕН МАРКЕТИНГ на кандидатите им ги презентира процесите и функциите вклучени во трансферот на производи или деловни услуги кон потрошувачите. Обуката за маркетинг ќе им помогне на кандидатите да добијат појасна слика за директната поврзаност на клучните бизнис-функции, како што се финансиите и менаџментот со маркетинг-активностите.

Учесниците на обуката ќе ги разберат клучните концепти во успешното рекламирање и најчестите грешки во рекламирањето. Ќе го увидат значењето на правилно сегментирање на целните пазари за рекламирање и изборот на соодветен медиум за рекламирање.

Маркетингот егзистира во опкружување во кое технологијата рапидно еволуира, а економиите имаат зголемена потреба за етичка и социјална одговорност и континуирана промена.

Развојот на модерниот деловен свет потврдува дека имплементацијата на e-commerce i e-business-от секогаш нуди големи предности во работењето на претпријатијата.

Мерењето и менаџирањето на добивката од маркетинг инвестицијата е процедура без која современите претпријатија не можат да добијат јасна слика за успешноста на применетите маркетинг активности. Анализа на маркетинг трошоците преку ABC системот на трошочни активности е потребна во услови на строга контрола на трошоците и буџетите на претпријатијата.

Овие теми потполно се интегрирани во основните елементи на маркетинг-стандардите кои се изучуваат во оваа обука.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • потрошувачка и испитување на пазарот

  • маркетингот наспроти продажбата

  • маркетинг-стратегија наспроти финансиите

  • маркетинг-опкружување

  • управување и раководење со маркетингот

  • маркетинг во мали и средни претпријатија

  • маркетинг-планирање и маркетинг-трошоци

  • елементи на промотивниот микс (економска пропаганда, лична продажба, унапредување на продажбата, публицитет и односи со јавноста)

  • промотивен план, промотивна кампања

  • планирање на буџет на пропаганда (средства, медиум, економско пропагандни пораки)

  • креирање пропагандни пораки

  • креирање и избор на средства на пропаганда (соработка со новински куќи, телевизија и радио)

  • мерење на резултати на пропаганда

  • CRM – customer relations marketing

  • е-маркетинг базиран на мобилна и интернет технологија

  • е-продавачи и е-банкарство

  • on-line медиуми и социјални медиуми

  • интегрирање на on-line маркетингот во целокупниот маркетинг-микс

  • маркетинг со пребарувачи - оптимизација и рекламирање

  • on-line маркетинг-мерење и метрика

Постојат ДВА ПРИНЦИПА НА МАРКЕТИНГОТ како основна бизнис-функција во претпријатијата кои кандидатите на обуката треба да ги сфатат:

* генералните маркетинг-концепти кои се применливи принципи за секого и секојдневно влијаат на индивидуите, бизнисот и општеството

* иако процедурите за спроведувањето на маркетингот во практиката континуирано се менуваат, концепциската рамка, изградена врз принципот на ориентираност кон потрошувачите, забележливо не се менува

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 16 септември 2014 година

пријавување и информации:

пријава

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.