• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавачи: Игор Андреев

(CV, тренери)

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

сертификат: Планирање и менаџмент на продажба


Условите за продажба на пазарот се брзо променливи и, покрај употребата на маркетинг-техниките, за континуирана успешна продажба потребен е и значителен ангажман за анализа и (ре)дефинирање на плановите за продажба како и (ре)организирање и структурирање на продажниот тим.

Ефективниот менаџмент на продажниот тим се базира на мотивацијата за продажба и ефективната комуникација. Потребно е да се запознаат и разберат потребите на членовите на продажниот тим и тие да се водат, советуваат и мотивираат за справување со секојдневните проблеми на продажбата. Организирањето и структурирањето на продажниот тим според потребите на пазарот е усте еден значаен фактор кој ќе доведе до зголемена продажба и зголемување на профитот.


Цели на семинарот

Целта на обуката е учесниците да ги (ре)дефинираат техниките на планирање на продажбата, да ги зацврстат своите способности за донесување одлуки, мотивирање, водење и советување на продажниот тим и за (ре)дефинирање на организацијата и структурата на продажниот тим согласно современите трендови и состојбата на пазарот.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • модел на менаџмент на продажба

  • современи трендови во менаџментот на продажбата

  • лична продажба
    - модел на лична продажба

  • организација и стратегија на продажбата

  • структура на продажен оддел

  • менаџмент на клучни клиенти

  • менаџмент со продажен оддел
    - избор и селекција на продавачи
    - обука на продавачи
    - систем за мотивација и наградување на продавачите
    - евалуација на продавачите

  • CRM - Customer Relationship Marketing

  • директен маркетинг и продажба
    - On-line маркетинг и електронска трговија

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе ги подобрат своите вештини за:

- градење на тим и лидерство - избор и обука на способни професионалци за продажба
- зголемување на продуктивноста на продажниот тим
- мотивирање на тимот преку постигнувањата на тимот како движечка сила
- организирање и ефективно менаџирање на продажбата
- зголемување на профитот со употреба на ограничени ресурси

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.