• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

Цена

16 часа:

5.900,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник за Одржлив развој на туризмот

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

 

вторник: 19.40 - 21.40 часот (x 6 предавања)

фонд на часови: 16 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Шуна Спировска

(CV, тренери)

ГРУПА  - март

15 март 2016

 

ГРУПА  - декември

5 декември 2015

 

ГРУПА  - октомври

31 октомври 2015

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244

contact@cosmoinnovate.com.mk

сертификат: Одржлив развој на туризмот 


Туризмот е најголема индустрија во светот, која во текот на дваесеттиот век деструктивно влијаеше на животната средина: плажите, брегот покрај морињата, но и мирните планински предели и езера се пренатрупаа со хотели, ресторани, казина. Со понудата на алтернативни туристички дестинации, изборот стана поголем и масовниот туризам се развиваше насекаде. Се развиваше и т.н. еко-туризам, фокусиран на истражување на дивиот свет, природата или „егзотичните“ култури. Но и ваквиот туризам може да ја оштети природата и начинот на живеење на локалното население.

Одржливиот туризам претставува развој на туризмот кој нема да ја оштети животната средина, економијата и културата на локацијата каде се одвива. Целта на одржливиот туризам е да обезбеди позитивно искуство на локалното население, туристичките компании и самите туристи. Но, одржливиот туризам не мора секогаш јавно да се промовира како насочен кон заштита на животната средина или културното наследство за да биде успешен, бидејќи сеуште мал број туристи свесно сакаат „зелен“ или „еко-туризам“. Но, доколку во туристичкиот регион и локалитети се реализираат проекти како, на пример, рециклирање на отпадот и долгорочно се планираат и реализираат активности за чиста околина и заштита на животната и културна средина, сето тоа ќе има резултат во почисти, поубави, атрактивни и живописни туристички локации, кои и без посебно етикетирање ќе бидат многу повеќе пријатни и ќе ги задоволат очекувањата и потребите на поширок круг туристи.

Цели на семинарот

Семинарот ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ има цел менаџерите и одговорните за развој во компаниите кои се дел од синџирот на туризмот (туристички агенции, транспортни претпријатија, туристички организации, туристички објекти - хотели, апартмани, објекти за изнајмување, угостителски објекти и др.), во соработка со локалната власт и заедница, да ги насочи за заедничка подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес.


Одржливиот туризам претставува одговор на нерегулираниот деструктивен туризам и неговиот развој се базира на договор и соработка меѓу туристичките компании и локалната власт и заедница, со цел да се влијае на сите видови туризам.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Одржлив развој на туризмот
- што значи одржливост и суштина на одржливиот развој на туризмот
- фактори на одржлив развој на туризмот

2. Принципи за регионален развој
- локален идентитет
- долгорочност
- ориентирање кон природата
- дематеријализирање

3. Одржливост во туризмот
- препознавање на постојниот потенцијал
- користење на постојните ресурси
- концепти

4. Мерење на одржливоста на туризмот
- индикатори за мерење на одржливоста во туризмот

5. Клучни критериуми за одржливост
- екологија
- економија
- социокултура
- институционални рамковни услови

6. Бизнис-план за одржлив развој на туризмот
- оценка на бизнис-идеја за одржливост на туризмот
- анализа на факторите за одржлив туризам
- менаџмент на одржливиот туризам

Ефектите од едукацијата на учесниците на семинарот во нивните матични претпријатија и организации ќе се манифестира со:

- разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот
- сфаќање на принципите за регионален развој и поистоветување на овие принципи во конкретен регион
- препознавање на моментите за одржливост на туризмот
- препознавање на индикаторите за мерење на одржливоста
- разбирања за критериумите за одржливост
- сфаќање за планирање на одржливиот развој на туризмот
- анализирање на конкретни услови за регионален развој на туризмот

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот 

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

ќе започне на

15 март 2016 година

пријава

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.