Цена
12 часа:
4.450,00 денари
(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 12 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Катерина Вељановска-Блажевска

(CV, тренери)

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

сертификат: Односи со јавноста


Односите со јавноста се тесно поврзани со раководењето во претпријатијата и организациите, но тие се и значајна промотивна активност, координирана со сите елементи на комуницирање со пазарот, односно со јавноста.

Односите со јавноста претставуваат важен сегмент на секоја промоција. Како посебен дел од промотивниот микс, тие имаат значајно влијание врз широката јавност, која ги опфаќа не само купувачите, туку и целото окружување, со сите интересни групи, конкуренцијата, медиумите, па и самата држава.


Односите со јавноста се присутни дури и кога не се организирани како самостојна активност во рамките на компаниите. Секоја компанија има свои лични претставници, продажен персонал, работници, членови на семејствата на тие работници, кредитори, поранешни и сегашни потрошувачи, добавувачи и др.

Сите тие испраќаат пораки за компанијата, добри или лоши, некогаш лошо интерпретирани дезинформации во јавноста за работата на компанијата/организацијата, што дава лоша, искривена слика за неа или неправилно се толкува некој деловен потег. Сите тие комуникации треба да се опфатат и координираат со промотивните активности.

Во такви случаи е мошне тешко брзо да се реагира, доколку во рамките на промотивните активности не постои служба која организирано, континуирано и планирано ќе ги следи сите збиднувања.


Цели на обуката

Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите, учесниците да научат да ги применат односите со јавноста за остварување на комерцијалните цели и да се користат како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста.

Програмата ќе се реализира со три модули, кои можат да се следат издвоено,
по редослед и според можностите и потребите на заинтересираните слушатели, секој вторник во ист термин во текот на целата година:

Креирање пораки, изградба на имиџ и брендирање

Изработка на комуникациски план

Техники на односи со јавноста за освојување на пазарот

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.