Цена

13.500,00 денари
 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници
- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници
- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Програма за обука - download

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература

БИЗНИС И ONLINE БРЕНДИРАЊЕ

АДВЕРТАЈЗИНГ СТРАТЕГИИ ВО МОДЕРНИ МЕДИУМИ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата 

фонд на часови: 44 / ECVET кредити: 3
(еден наставен час - 40 минути)

предавачи: Савица Поп Тонева,
Сузана Николовска и
Катерина Велјановска

(CV, тренери)

сертификат: Нови медиуми


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

беплатни прирачници за учесниците на обуката

БИЗНИС И ONLINE БРЕНДИРАЊЕ

 

АДВЕРТАЈЗИНГ СТРАТЕГИИ ВО МОДЕРНИ МЕДИУМИ

Економската пропаганда (рекламирање, advertising) е насочена кон директно поттикнување на потрошувачот за купување одреден производ или услуга. Економската пропаганда како промотивна активност ја зацврстува комуникацијата на производителот со потрошувачот. На тој начин се создава взаемна доверба меѓу производителот и потрошувачот, односно економската пропаганда влијае врз куповните навики и придобивање на купувачите и придонесува за зголемување на обемот на продажбата.

Брендот е идентитет, тоа е она што ги прави една компанија, производ или услуга препознатливи и различни од своите конкуренти. Брендот е многу повеќе од лого, палета на бои или избор на фонт - тој се идентификува како збир од вредности и асоцијации.

Брендирањето е целокупното искуство на потрошувачот, релацијата меѓу компанијата и клиентот; тоа претставува начин на кој компанијата ги креира чувствата на клиентот и се применува подеднакво online и offlinе.

Целта на обуката е учесниците да развијат ефективна B2B и B2C промотивна продажна стратегија и бренд-идентитет, користејчи ги класичните и новите интерактивни медиуми, што ќе им помогне во менаџирањето и реализацијата на продажбата во своите претпријатија.

На обуката ќе се обработат следните теми:

1.   Реклама и промоција

  • низ кои принципи се спроведува рекламирањето

  • буџет на маркетинг

  • елементите на промотивниот микс: (економска пропаганда, лична продажба, унапредување на продажбата, публицитет и односи со јавноста)

  • промотивен план

  • промотивна кампања

2. ЕКОНОМСКА ПРОПАГАНДА

  • Поим и значење на пропаганда

  • Процес на управување со пропаганда

  • Одредување на цели на пропаганда

  • Планирање на буџет на пропаганда (средства, медиум, економско пропагандни пораки)

  • Креирање на пропагандни пораки

  • Креирање и избор на средства на пропаганда (соработка со новински куќи, телевизија и радио)

  • Мерење на резултати на пропаганда

  • Продажна промоција

  • Публицитет и односи со јавност

  • Лична продажба

 3. Брендирање - поим и дефиниција

  • Потекло на брендингот

  • Дисциплини на градење бренд

  • Лојалност кон брендот

4. on-line marketing (brending 2.0)

4.1. Интегрирање на on-line маркетингот во целокупниот маркетинг-микс

4.2. Социјални медиуми и брендирање

4.3. Ефективни on-line маркетинг комуникациски програми

4.4. Маркетинг со пребарувачи - оптимизација и рекламирање

4.5. On-line маркетинг-мерење и метрика

4.6. e-brending примери

 

5. Лојалност кон брендот

  • Модел на комуникација

  • Дефинирање на лојалност кон брендот

  • Бренд позиционирање

  • Бренд-молекула

  • Пристап на сензор

  • Однос Online/Offline брендинг

  • Бренд-самоубиство

  • Водич за опстанок на офлајн бренд


Во денешното време на интернет, купувачите се тие кои ќе одлучат дали ќе одговорат на рекламата, а во многу случаи тие одлучуваат дали воопшто ќе ја гледаат рекламата. Со оглед на тоа што е важно да се постигне блиска линија меѓу брендирањето и бренд-искуството, интернет бренд-искуството најбрзо се постигнува со веб сајтот и профилите на социјалните мрежи.

Со завршување на обуката кандидатите ќе ги научат и основите на виртуелното брендирање:

  • што ќе го натера купувачот да тргне во шопинг (search engine, линкови, партнери, маркетинг и друго)

  • што ќе го натера купувачот да ја пренесе информацијата на пријателите (viral маркетинг, e-mail до пријателите, социјални мрежи и друго)

Учесниците на обуката ќе ги разберат клучните концепти во успешното рекламирање и најчестите грешки во рекламирањето.

Ќе го увидат значењето на правилно сегментирање на целните пазари за рекламирање и изборот на соодветен медиум за рекламирање.

Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за самостојна подготовка и реализација на рекламна кампања.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.