НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Семинарите за МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА се фокусирани на успешните мали и средни претпријатија кои доминираат во современото бизнис-опкружување. Обуката е наменета за менаџери - претставници на извршниот менаџмент во претпријатија или организации и институции кои поддржуваат мали и средни претпријатија. Со завршување на сите семинари од пакетот кандидатите добиваат меѓународно признат сертификат НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ.

 

ПЛАЌАЊЕ

110 часа:

41.550,00 денари

(плаќање на 
4 рати по 10.387,50 денари)

  • ??????a
  • ??????
  • ?????
  • ?????????
  • ?????????
  • ?? ???
  • ???????

(брошура, 943 KB)

 

I ГРУПА

31 март 2007

до

16 јуни 2007

 

II ГРУПА

30 мај 2008

до

4 октомври 2008

 

III ГРУПА

27 март 2009

до

20 јуни 2009

 

IV ГРУПА

16 октомври 2009

до

13 декември 2009

 

V ГРУПА

29 октомври 2010

до

19 декември 2010

 

VI ГРУПА

13 мај 2011

до

4 јули 2011

 

VII ГРУПА

НОВА ГРУПА

17 ноември 2011

до

21 јануари 2012

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

:: НАСКОРО ::

WIFI сертифицирани обуки -

преквали-фикација и доквалифи-кација

(видео)

 

 

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА

пријава

Заедно со локалните партнери, WIFI IKT регионалните менаџери подготвуваат програми за обука, прилагодени на посебните потреби на соодветните пазари.

WIFI обуките и завршните тестирања се вршат согласност со ефективен систем за управување со квалитет и во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2000.

WIFI IKT тренерите имаат вистинскo животно бизнис-искуство и зборуваат на јазикот на слушателите. Информациите од примерите кои се работат за време на обуката, учесниците можат веднаш да ги пренесат во сопствениот бизнис.


WIFI - Institute for economic promotion of the Austrian Federal Economic Chamber

повеќе за WIFI Institute

WIFI 2010 video 1      WIFI 2010 video 2     WIFI 2010 video 3  

Македонските учесници во надворешно-трговското работење секојдневно имаат можност да се сретнат со многу причини кои ги зголемуваат трошоците на набавка или предизвикуваат доцнење на прием на увозната роба. Секако, постојат начини ова да се избегне, особено доколку кај увозниците се зголеми познавањето на ЕУ-нормите и стандардите, а особено должностите на увозниците и ослободувањата кои им се овозможени.

Извозните пазари се голем предизвик за македонските претпријатија, но за нивно освојување потребни се комплексни познавања за целата извозна процедура.
Циклусот семинари ќе ги покрие сите аспекти на надворешно-трговското работење, увозот и извозот со користење на комбинација од презентации, вежби и групни дискусии.

Во семинарите (модулите) се вклучени: извозно-увозна документација, експортни регулативи, менаџмент на ризик, EU-норми и стандардизирање, финансиски и проект-менаџмент, стандарди и контрола на квалитетот, логистика, принципи на меѓународнaта трговија и партнерство.



Обуката МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА
е составена од три семинари (модули):

Надворешна трговија и маркетинг
17 - 19 ноември 2011 година

повеќе..

Вештини на аргументирање и преговарање во меѓународниот бизнис
15 - 17 декември 2011 година

повеќе...

Проект-менаџмент стратегии
19 - 21 јануари 2012 година
повеќе...

Пакет-обуката ќе се реализира со австриски предавачи на WIFI Austria (со симултан превод на македонски јазик) со кои кои ќе се реализираат три модули на обуката. Со завршување на сите модули од обуката слушателите ќе добијат меѓународно признат сертификат издаден од WIFI Austria.

Сертификатот и обуката на претставниците на претпријатијата ќе им овозможи компетентна предност при настап и преговори со странски партнери за увоз / извоз на производи и услуги, а на поединци ќе им послужи како меѓународен доказ за компетентност во надворешно-трговското работење при конкурирање за соодветно работно место во трговски и производни претпријатија во Македонија или земјите на Европската Унија.

Who is who - Turkey & the Balkans: WIFI IKT Partner Institutes

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ -РАБОТНА ПОСЕТА НА АВСТРИЈА

Сите слушатели кои успешно ќе ги положат завршните тестови на сите модули на обуката се поканети на бесплатна работна посета на Австрија (27.02 - 02.03.2012).

галерија
Vienna - Austria

Работната посета претставува практичен дел на обуката (5 дена, 35 часа), каде домаќинот WIFI Austria ќе организира:

  • 1 и 2 ден - практични предавања и презентации

  • 2 и 3 ден директен контакт и посета на австриски компании предложени од слушателите на обуката

  • 4 ден - бизнис-форум и B2B-контакти со заинтересирани австриски компании за соработка со македонски компании во увозно-извозни активности, трансфер на технологии и знаење, заеднички инвестиции поддржани од австриски развојни фондови итн.

Слушателите самостојно ги покриваат трошоците за семинарите во Скопје (75 наставни часа) во вкупна вредност од 41,550,00 денари (20% од вкупните трошоци на проектот). Престојот и комплетната организација и реализација на активностите во Австрија (5 дена, 35 наставни часа) за слушателите на обуката е бесплатен, односно трошоците за хотелско сместување во двокреветни соби, два оброци на ден, трансфер од и до аеродром, локален транспорт, симултан преведувач за време на сите контакти, состаноци и посети, бизнис-форум, прием во Федералната Стопанска Комора на Австрија и свечена вечера со доделување на завршниот сертификат - во вкупна вредност од 2.500 евра по слушател (или 80% од вкупните трошоци на проектот) ги покрива домаќинот WIFI Austria. WIFI Austria ќе испрати писма за покана до слушателите со цел обезбедување виза. WIFI Austria и КОСМО нема да ги платат трошоците за транспортот меѓу Македонија до Австрија и трошоците за издавање виза.


Целта на обуката е:

  • да се насочат поединците и претпријатијата да ги идентификуваат нивната јачина, слабости и способности што ќе им биде потребно за успех на австрискиот и на пазарите на Европската Унија

  • да се постигне степен на подготвеност на претпријатијата за извоз или увоз, односно да се зголемат можностите за задоволување на барањата на EU извозно-увозните процедури, стандарди и регулативи

  • да се опишат основните извозно-увозни процедури како проценка на ризикот, испитување на пазарот и експортен маркетинг

  • да се иницираат прелиминарни преговори со австриски клиенти / добавувачи


На кандидатите за секој семинар од обуката им следува
печатена литература:

ЕКСПОРТЕН МАРКЕТИНГ

ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ

Заинтересираните учесници за претстојната обука и работната посета на Австрија можат да го преземат формуларот за пријавување на следниот линк (.doc).

пријава за обуката МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА (doc.)

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор.

пријава

Почетокот на предавањата е од 17 ноември 2011 година

Обуката се реализира во три месеци - еднаш месечно по три дена
во попладневни термини од 10.00 до 16.00 часот, во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. +389 2 244 8077,8134 фах. +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

 

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf)

распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)

 

цени 2011/2012 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.