• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник Маркетинг на алтернативен и рурален туризам

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244

contact@cosmoinnovate.com.mk

сертификат:
Маркетинг на алтернативен и рурален туризам


Алтернативниот туризам ги комбинира туристичките производи и услуги поинаку споредено со масовниот туризам во однос на набавките, организацијата и човечките ресурси. Алтернативниот туризам, меѓу другото, може да биде рурален, екотуризам, авантуристички, тематски (поврзан со културното и историско наследство), религиски, вински и друг вид туризам.

Руралниот туризам се фокусира на партиципирање во руралниот начин на живеење и на тој начин претставува варијанта на екотуризмот. Секоја рурална населба или село може да биде туристичка атракција - добро зачуваната природа, автентичните рурални предели и традиционалниот начин на правење вино, на пример, се дел од предусловите за развој на производот/услугата - алтернативен туризам.

Цели на семинарот

Целта на семинарот е претставниците на бизнисите инволвирани во туристичкиот производ (туристички агенции, транспортни претпријатија, туристички организации, туристички објекти - хотели, апартмани, објекти за изнајмување, угостителски објекти), во соработка со локалната власт и заедница, да ги насочи кон заедничка подготовка на маркетинг-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес.

Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“. Со цел да се задоволат принципите и техниките на маркетингот, а во контекст на развој на одржлив туризам, потребно е да се направи следното:

  • реална евалуација на потребите и желбите на целниот пазар

  • планирање на туристички производ кој ќе ги задоволи очекувањата на туристите

  • изградба на потребната генерална техничка инфраструктура

  • професионална услуга во каналите набавка-производство, промоција и одржување на туристичкиот производ

На ваков начин целиот туристички пакет ќе биде пазарен, атрактивен за туристите и профитабилен за бизнисите и локалната заедница.


Специфично за туристичкиот производ е тоа што тој може да се консумира само на местото каде е произведен. Исто така, туризмот е комплексен производ, бидејќи за негово производство работат заедно повеќе бизниси и агенции во соработка со јавниот сектор. Поради тоа, за успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација, регион или држава е потребна соработка на сите учесници во подготовката на туристичкиот производ, за тој да може како интегриран производ да му се понуди на потрошувачот - туристот.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • туристички производ и услуги (природа, карактеристики, класификација), 7 П

  • маркетинг-стратегија за туристичките услуги

  • видови алтернативен туризам и можности во Македонија

  • алтернативен наспроти масовен туризам

  • 4П на маркетингот за алтернативни видови туризам

  • квалитетот - најважен концепт

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.