• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

ЦЕНА

4.450,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат е-прирачник ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

вторник: 17.30 - 19.30 часот (x 4 предавања)

фонд на часови: 12 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач:
Анета Мајсторова - Ивановска

(CV, тренери)

ГРУПА - ноември

31 октомври 2017

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

 

сертификат: Лидерство и менаџмент


Менаџментот е наука за ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. При тоа се вклучуваат процеси на координирање, контрола и извршување на задачи и проекти, со цел извршување на мисијата на организацијата или компанијата.

Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.

Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Најдобрите менаџери се и големи лидери кои ефективно ја применуваат менаџмент-науката со способноста за лидерство. Ефективните лидери градат тим, му наметнуваат визија и мотивација. На членовите на тимот им помагаат во градење на нивните вештини и самодоверба.


Цели на семинарот

Семинарот Лидерски вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • разлика меѓу менаџментот и лидерството

  • стратешко размислување и развивање на стратешка визија

  • градење доверба и почит

  • одржување позитивен став

  • развивање лидерски навики

  • справување со „тешки вработени

  • одржување на доверливост

  • подобрување на ефикасноста на тимот

  • градење на дух на тимска работа и соработка

  • вештини на активно слушање

  • подобрување на емоционалната интелигенција

  • ефективно водење состаноци

  • управување со лутина и негативни емоции

  • вештини на ефективно делегирање

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе научат:

  • како да го препознаат лидерот во себе

  • како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе

  • како да ги поттикнат и мотивираат вработените

  • како да воспостават продуктивно партнерство со вработените

  • како да изградат свој автентичен лидерски стил

  • како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации

  • како да изградат позитивен дух во тимот

  • како да одговорат на позитивен или негативен фидбек

  • како да поттикнат креативно размислување и иновации

  • како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот започнува од

31 октомври 2017 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.