ЦЕНА

5.900,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник

ПЛАНИРАЊЕ, БУЏЕТИРАЊЕ И КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

фонд на часови: 16 / ECVET кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Анета Тодоровска
ISCED 5А сертифициранa, согласно ISBE-препораките

сертификат: Контролинг и управување со трошоците


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

Со користење на соодветните инструменти, преку буџетирањето и контролингот, може да се воочат аномалиите во работењето и да се предупреди менаџментот на потенцијалните можности или проблеми во деловното работење.

Една од придобивките на контролингот е интегрираниот бизнис-план, кој се состои од план за активности, буџет и цели на компанијата. Контролингот во текот на годината ги следи активностите и подготвува извештаи за управување и менаџирање на сите нивоа.

Целта на обуката е стекнување вештини од областа на управувањето со буџетирањето, планирањето и контролингот за профитни и непрофитни организации. Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или ќе работат како менаџери, финансиски раководители и координатори во профитни и непрофитни (здруженија на граѓани) организации.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • Што е буџет - опфат

  • Клучни цели на буџетските системи

  • Место на буџетските системи во компанијата/фирмата

  • Релација меѓу буџетот и останатите функции во компанијата (управување со трошоците и планирањето)

  • Придобивки од буџетирањето

  • Класификација на буџетите

  • Процес на буџетирање – Budget cycle

  • Изготвување на буџетот за продажба/производство/маркетинг/администрација

  • Клучни показатели за следење на буџетот

  • Консолидација на буџетот и Rolling forecast

  • Улогата на контролингот во процесот на буџетирањето - Budget control

По завршување на обуката, учесниците ќе стекнат знаења за целокупниот процес на буџетирањето, за вештините и техниките за изготвување на буџетот, за управувањето со трошоците и за тоа како да го користат контролингот во финансиското известување и анализа.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.