ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература БИЗНИС И ONLINE БРЕНДИРАЊЕ

  

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

понеделник: 19.40 - 21.40 часот (x 3 предавања)

фонд на часови: 12 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)


предавач: Савица Поп Тонева

(CV, тренери)

ГРУПА - март

28 март 2016

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

 

сертификат: Интернет маркетинг



Современиот маркетинг воспоставува комуникација со потрошувачот, релација меѓу компанијата и клиентот. Компаниите со современиот маркетинг, користејќи ги новите медиуми, ги креираат чувствата на клиентот и тоа се применува подеднакво online и offline. Кај online маркетингот потребно е да се изгради бренд и идентитет на компанијата на интернет мрежата, треба да се следат демографските карактеристики за секој таргет пазар, профилот, категориите и активностите на потенцијалните купувачи на интернет мрежата. Компаниите, исто така, треба да ги утврдат производите и услугите кои се погодни за продажба преку интернет со соодветен пристап за изградба и одржување на веб сајт кој ќе ја поддржи продажбата и постпродажниот период.


Цели на семинарот

Целта на семинарот е учесниците да го прифатат предизвикот на мрежата (web) – интерактивен медиум, кој овозможува единствени можности за маркетинг, подеднакво достапни на малите и средни претпријатија исто како и на големите компании, со што конкурентната информација за производите и услугите ќе станат достапни до купувачите за неколку секунди.


Во денешното време на интернет, купувачите се тие кои ќе одлучат дали ќе одговорат на рекламата, а во многу случаи тие одлучуваат дали воопшто ќе ја гледаат рекламата. Со оглед на тоа што е важно да се постигне блиска линија меѓу брендирањето и бренд-искуството, интернет бренд-искуството најбрзо се постигнува со поврзување на Вашиот веб-сајт со социјалните медиуми и градење релации со соодветните групи од интерес на интернет-заедницата.

Овој семинар нуди конкретни техники за употреба на интернет мрежата и социјалните медиуми како стратегија и алатка надоградена на класичниот маркетинг. Со истраживање на он-лине навиките на потрошувачите ќе можете да им ги пласирате вашите маркетинг информации со употреба на блогови, социјални мрежи, подкасти и видео.

Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Интегрирање на on-line маркетингот во целокупниот маркетинг-микс
- Градење на брендот и посветеност на web
- Оn-line маркет истражување: што функционира, што не функционира и како брзо да се имплементира
- Идентификување на on-line заедницата каде коминтентите гравитираат
- Идентификување на “like” од коминтентите и редефиниранwe на понудените производи
- Користење на маркетинг “уста на уста”, “уста на web” и “buzz” маркетинг

2. Социјални медиуми и брендирање
- Креирање на web-friendly, отворена и транспарентна компанија
- “Кажи ми, не ми продавај,” информациските контра промотивните правила
- Користење на таргет-маркетинг во социјалните мрежи
- Формирање прецизна on-line презентација на производите

3. Ефективни on-line маркетинг комуникациски програми
- Работење со блогери
- Поставување на компаниски маркетинг блог и негово афирмирање
- Користење на РСС за генерирање сообраќај
- Елементи на успешна подкастинг стратегија
- Објавување на видео и нивно “вирално” поставување

4. Маркетинг со пребарувачи - оптимизација и рекламирање
- Клучни фактори на пребарување
- Лидери во платено пребарување
- Алатки и клучни играчи за СЕО и СЕМ автоматизација

5. On-line маркетинг-мерење и метрика
- Мерења кои се битни: on-line продажба, web посети, време поминато на сајтот, учество и интерактивност
- Соработка со on-line рејтинг мрежи
- Листа на on-line софтверски провајдери на маркетинг аналитика
- Колку добро го услужувате коминтентот, го градите брендот и ја зголемувате продажбата?

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе ги научат како да:

- мигрираат дел од традиционалните маркетинг активности во нивниот on-line маркетинг

- ги употребуваат on-line комуникациските програми за социјалните медиуми

- ја следат интернет мрежата и промените на нивниот бренд

- ја имплементираат и мерат оптимизацијата на пребарувачите

- воведат метрички режим за докажување на рентабилноста на е-маркетинг активностите

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот

ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ

ќе се реализира од

28 март 2016 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.