Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Анета Мајсторова - Ивановска

(CV, тренери)

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

 

сертификат: Ефикасност и ефективност во работењето


Во бизнисот и во менаџментот, работењето на ефикасен и ефективен начин доведува до остварување на зацртаните цели на бизнисот.

Ефикасноста се дефинира како реализирање на работата со минимален ангажман, со најмали трошоци и за минимално време. Еден човек може да биде многу ефикасен во тоа што го работи, но сеуште да не го постигне тоа што е зацртано, бидејќи може да не ја работи вистинската работа. Тука го наоѓа своето место ефективноста. Ефективноста значи да се постигне саканиот резултат. Секогаш кога ќе се зацрта саканиот резултат, активностите кои водат до резултатот треба да бидат реализирани ефикасно. Иако ова изгледа како очигледно, реализацијата на задачите во многу компании и организации не го следат овој принцип.

Без разлика на дејноста на компанијата или организацијата, менаџментот мора да се подобрува во насока работата да се реализира ефективно. Секако ефективноста треба да се постигне со ефикасна реализација на работните задачи. Многу често се дефинира дека лидерството е ефективно, а менаџментот ефикасен.


Цели на семинарот

Семинарот Ефикасност и ефективност во работењето има цел на учесниците да им се подобрат менаџерските вештини, односно да се подобри нивната ефективност и истовремено да ги совладаат сите проблеми за ефикасно реализирање на работата.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • разлика меѓу поимите „ефикасност“ и „ефективност“

  • комуникација во организацијата

  • мотивација и задоволство од работата

  • работна клима

  • стилови на водство

  • работен ефект

  • степен на волја кај вработените

  • промени во работењето

  • стрес на работното место

  • управување со времето

Ефикасноста е поврзана со системот и средствата кои стојат на располагање за реализација на работата најбрзо и најлесно. Поединците можат да развијат и лична ефикасност и нивни карактеристики се: тие се организирани и можат брзо да се снајдат во работата, знаат како да ги користат опциите на компјутерот, пишуваат читливи имејли, одлично водат состаноци, знаат како да работат со соработниците итн.

Ефективноста е поврзана со едукацијата, искуството и експертизата. Овие три компоненти на поединецот му даваат способност да ги оствари целите. Примери на ефективност се: придржување кон зададените рокови за реализација на работата, заработување на зададената сума, реализирање на задачата, водење на тимот заради дефинирање и реализирање на проектот.

Семинарот ќе им помогне на учесниците во зголемување на нивната ефективност и ќе ги поттикне да размислат и најдат решенија за ефикасно реализирање на работните задачи.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.