• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

(брошура)

ПЛАЌАЊЕ

Обука 160 часа:
66.500,00 денари
(плаќање на 10 рати
по договор.

Завршно тестирање: 6.130,00 денари

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар (бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје)

ПРИЈАВА

РЕГИСТАР НА СЕРТИФИКАТИ

По успешно завршување на задачите, учесниците на EUREM програмата добиваат сертификат за Европски Energy Manager.

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија ќе го издаде Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

EUREM е призната европска квалификациска програма за Energy Manager-и во земјите со EUREM провајдери. Националните енергетски власти и експерти се запознаени со програмата за обука и заштеди, убедени се за високиот квалитет и ја поддржуваат EUREM програмата. Како резултат на тоа, EUREM е признат на национално ниво во секоја од EUREM земјите.

Воспоставен е и централен регистар за Европски Energy Manager-и. Сите EUREM сертифицирани учесници добиваат меѓународен личен регистарски број.

ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА ОБУКА EUREM
(European Energy Manager)

група: април 2015 - декември 2015

ПРИЈАВУВАЊЕ до 25 март 2015 година

пријава за EUREM обука

(брошура)

ГРУПА
април
- декемри 2015

ГРУПА
септември 2014 -
април 2015

ГРУПА
март
- декември
2014

*бројот на членови
на групата е ограничен


Поддржано од:

Стопанска комора на мал бизнис на Македонија

Министерство за економија

 

Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг

 

Intelligent Energy Europe Programme of the European Union


 

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. Од 2009 година EUREM функционира континуирано во 22 земји во Европа и уште 10 земји во светот (Азија, Африка и Америка).

Со Проектот EUREMPlus 2013-2015, финансиран од IЕЕ (Intelligent Energy Europe Programme), европската Energy Manager мрежа ќе се прошири во уште шест европски земји, меѓу кои и Македонија. Проектот EUREMPlus е раководен од Индустриската стопанска комора на Нинберг од Германија, а имплементатор во Македонија е КОСМО Иновативен Центар, со поддршка од Министерството за економија и Стопанската комора на мал бизнис на Македонија.

Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken
Индустриска Стопанска Комора на Нинберг

EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите.

Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

- вкупен потенцијал за енергетска заштеда по Energy Manager:
1.920 MWh/a
- потенцијал за намалување на енергетските трошоци по Energy Manager:
77,140 ЕУР/а
- потенцијал за CO2 заштеда на Energy Manager:
843 t/a

Цели на програмата

  • пренесување на компетентни квалификации на учесниците за сите технички можности за намалување на потрошувачката на енергија во претпријатијата

  • пренесување на знаење на учесниците за оптимизација при набавките на енергија, како и за можностите за трговија со енергија и емисија на CO2

  • градење на потребните менаџмент-компетенции: управување со енергетски податоци, економски пресметки, купување/продажба на енергија и управување со проекти

  • изготвување проект за енергетска заштеда за време на обуката (енергетски концепт), како директен доказ за успешно намалување на трошоците за енергија во претпријатието и брзо враќање на инвестицијата

  • размена на искуства на учесниците во обуките за електронскиот форум за да се спаси континуираната енергетска оптимизација во претпријатијата

  • градење и одржување на европската мрежа на Energy Manager-и

Целна група

Вработените во претпријатијата кои ги вршат следниве функции:

  • менаџер на фабрика или менаџер на производство

  • енергетски претставник

  • процес инженер или оперативен техничар

  • менаџер на објект

  • менаџер за одржување

  • консултанти (подготвувачи на енергетски концепт во компании)


 

EUREM Plus Kick-off Meeting, Ninberg-Germany, 12 September 2013

Структура и реализација на програмата

Обуката се реализира во период од приближно девет месеци. Се одржува професионално и се состои од следните три елементи: настава лице-в-лице (160 наставни единици, секоја по 45 минути, самостојно учење и енергетски концепт (80 наставни единици).

Содржина и времетраење на наставата

Модулите од наставата се реализираат како 1-3 дневни семинари. Интервалите меѓу семинарите изнесуваат во просек 2-7 недели. Ова е со цел да се избегне преголем временски притисок врз учесниците (отсуството од компанијата мора да остане толерантно). Овој временски период дозволува знаењето да се примени во практика додека трае програмата и да се видат ефектите од неа.

Програмата за настава содржи теми од две области: инженеринг и менаџмент.

Менаџмент:

  • енергетски менаџмент системи

  • економска пресметка

  • енергетски договори

  • управување со проекти - проект-менаџмент

  • купување енергија и енергетска трговија

  • законска регулатива за енергија, правила и стандарди

  • управување со климатски промени, трговија со емисии, CDM, Ј.И.

Инженеринг:

  • основи на енергетски инженеринг

  • градежна физика

  • енергетски ефикасна градба и реновирање

  • инженеринг на греење / геотермална енергија

  • процесна топлина

  • вентилација и климатизација

  • инженеринг на ладење

  • компримиран воздух

  • осветлување

  • електрични уреди

  • зелено IT

  • управување со процеси

  • мониторинг и контролни системи

  • когенерација / комбинирано производство

  • соларна технологија

  • енергија од биомаса

Енергетски концепт

Значаен методолошки елемент на програмата е енергетскиот концепт. Енергетскиот концепт е директна придобивка за учесникот и за компанијата што ја претставува. Преку енергетскиот концепт, се иницира конкретен проект за енергетска заштеда во компанијата за време на обуката.

По околу пет месеци од почетокот на наставата, секој учесник дефинира енергетски концепт за енергетски проблем од своето претпријатие. Енергетскиот концепт треба да биде практичен (да претставува конкретно подобрување во работењето) и со негова реализација да се очекува реално намалување на енергетските трошоци.

Енергетскиот концепт се подготвува во период од три месеци и се реализира директно во претпријатието. За сите отворени прашања и проблеми кои се јавуваат за време на подготовката на енергетскиот концепт, учесникот е поддржан од страна на туторскиот систем на проектот. Завршна точка на обуката претставува презентацијата на енергетскиот концепт од страна на учесниците.

Проектите за енергетска заштеда во компаниите иницирани од енергетскиот концепт подготвен за време на EUREM Обуката можат да бидат финансиски поддржани со најповолни услови - барање информација за кредит.


 

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Учесниците самостојно ги покриваат трошоците за наставата која
ќе се реализира во Скопје (160 наставни часа) и завршно тестирање во вкупна вредност
од 1.185,00 ЕУР.

Плаќање на 10 рати по договор.

Како да станете Европски Energy Manager?

За да добијат сертификат за Европски Energy Manager и да станат член на EUREM заедницата, учесниците на EUREM програмата треба да ги исполнат следниве задачи:

  • присуство на EUREM предавањата (задолжително присуство)

  • успешно завршување на писмениот тест (траење од 2 часа)

  • изработка на енергетски концепт за енергетска оптимизација во компанијата (проектна работа)

  • презентирање на енергетскиот концепт пред жирито

  • употреба на електронскиот форум (eForum)

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија ќе го издаде Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

Квалификации за учесниците во обуките:

  • основно познавање на енергетската технологија (*)

  • работно место со функција на ниво на управување (второ или трето хиерархиско ниво) или директен пристап до донесувачите на одлуки
    (пристап до менаџментот, можност за поднесување проектни предлози)

  • добро познавање на производството и енергетски релевантните процеси

  • искуство во оперативниот енергетски концепт

  • AOP познавање (Windows, Word, Excel)

  • интензивно професионално искуство (*)

(*) Забелешка: минимум петгодишно работно искуство во енергетика или завршена обука за енергетска ефикасност во КОСМО, во друг тренинг центар, специјализација или испит во формалното образование

За да ги постигнат целите на обуката (намалување на енергетските трошоци), учесниците до крајот на обуката треба да се стекнат со следниве вештини:

  • способност за анализирање на енергетската ситуација

  • способност за развивање технички проекти за заштеда

  • способност за „продавање“ на проектот до врвниот менаџмент
    (можност за враќање на инвестицијата)

  • проектно иницирање и координација

  • оценување и обезбедување на зададените заштеди

  • одржување континуиран процес за подобрување

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор.

пријава за EUREM обука

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Аплицирањето се врши со поднесување пополнета пријава за EUREM обука.

Поради потребата учесниците на обуката да имаат соодветно ниво на техничко образование, апликантите без соодветно работно искуство или претходно образование ќе бидат повикани на влезно тестирање или да проследат подготвителен семинар пред почетокот на обуката. Апликантите со интензивно петгодишно работно искуство во енергетика и апликантите кои претходно ја завршиле обуката Енергетски ефикасни системи или Енергетски ефикасни инсталации во КОСМО Иновативен Центар или друга обука, специјализација или испит со соодветна содржина нема да има потреба да се тестираат или да учествуваат во подготвителниот семинар.

ПРИЈАВУВАЊЕ до 25 март 2015 година

По аплицирањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во проектот го врши Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг. Завршниот сертификат за European Energy Manager го издава Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг.

За учество во проектот може да се пријави
еден претставник од една организација.
Вкупниот број на учесници во проектот е ограничен на 15 кандидати.


ПОЧЕТОК НА ПРЕДАВАЊАТА

3 АПРИЛ 2014 година

Обуката се реализира во десет месеци - еднаш-два пати месечно по еден-три дена,
во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување


Имплементатор на EUREMplus во Македонија

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

кредит-систем ECTS

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

ценовник 2017/2018 (.pdf)

правна напомена:
Единствена одговорност за содржината на оваа веб-страница ја преземаат авторите. Тој не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија. Ниту EACI, ниту Европската комисија се одговорни
за било каква употреба што може да се направи со информациите содржани во него.

legal disclaimer:
The sole responsibility for the content of this webpage lies with the authors. It does not necessarily reflect the opinion of the European Union. Neither the EACI nor the European Commission are responsible for any use that may be made of the information contained therein.

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.