НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на обуката за сите предмети (Енергетски ефикасни системи, Проект-менаџмент, Инвестициско планирање и анализа) кандидатите добиваат сертификат за ESCO Manager.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријавување
и информации:

(02) 244 8077

075 438 576

факс:(02) 244

e-mail
 


 

 

 


 

 

ESCO Energy Management
(ESCO - Energy Service Company)

ЕСКО ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ

ЕSCО претставува претпријатие специјализирано за енергетски услуги, особено за решенија за енергетска заштеда на своите клиенти. Услугата најчесто претставува проектирање на енергетски ефикасни објекти, системи или инсталации и набавка, инсталација и одржување на соодветната опрема со која ќе се постигне енергетската заштеда. Енергетските заштеди, кои со активностите на ЕSCО претпријатието ќе се постигнат кај клиентот, се доволни разликата на цената на енергетските трошоци да ја исплатува имплементираната услуга и опрема за заштеда на енергијата преку кредит, лизинг или комбинации на финансиски инструменти.

Менаџирањето на проектите во ЕSCО претпријатијата подразбира управување со сеопфатни анализи на проектот (технички и финансиски) при подготовка на проектот за избор на соодветна опрема за заштеда, но и подготовка на бизнис-план кој ќе предвиди унапредување на бизнисот на клиентот низ заштеда на енергетските трошоци и, се разбира, навремена исплата на евентуалните финансиски задолжувања. Договорот за соработка со клиентот во кој се гарантира енергетската заштеда од инсталираната опрема може да трае од 5 до 10 години, период во кој ЕSCО менаџментот треба успешно да менаџира со одржување на опремата и системот кој донесува енергетска заштеда.

Многу важен фактор во промовирањето на ЕSCО типови на проекти е политиката на енергетски цени во државите. Во Македонија, евидентната дерегулација на енергетскиот пазар и развојот на инструменти за финансиска поддршка во енергетиката се важни движечки сили на енергетски ефикасните инвестиции. ЕSCО-проектите придонесуваат за енергетски и финансиски заштеди, но и за намалување на емисиите на штетни гасови, особено на CО2 на глобално ниво, што овозможува пристап за финансирање на проектите од меѓународни финансиски и донаторски организации и специјализираните фондови на Европската Унија.

Drawing up and running your Intelligent Energy – Europe projects
– 2 real life examples

Krivosik Juraj Krivosik

The Energy Efficiency Center, Czech Republic

  View presentation link opens new browser window (16min)



В
о пакетот ESCO Energy Management се вклучени следниве модули:

20 часа / 1,5 кредити - повеќе...

20 часа / 1,5 кредити - повеќе...

30 часа / 2 кредита - повеќе...

На кандидатите за секој предмет од обуката им следува печатена литература:

Енергетски ефикасни системи

ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ: Процес на планирање проектен циклус

ИНВЕСТИЦИОНЕН МЕНАЏМЕНТ - практичен водич за мали и средни претпријатија

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор.

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077,
075 438 576, фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

 

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.