• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник Е-ТУРИЗАМ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Савица Поп Тонева

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244

contact@cosmoinnovate.com.mk

сертификат: Е-туризам


Интернетот воведе револуција во дистрибуцијата на туристичките информации и продажба. Малите и средни туристички претпријатија со добро подготвена и иновативна веб страница сега можат да имаат „еднаков“ пристап на интернационалните туристички пазари. Во туристичкиот бизнис, интернетот овозможува капацитети за информирање и резервации од голем број туристи со релативно мали трошоци. Исто така, интернетот претставува алатка за комуникација меѓу туристичките добавувачи, посредници како и крајните потрошувачи.

Е-туризмот е збир на туристички услуги кои се комбинираат со E-Commerce преку интернет, со цел организирање и реализирање на туристичките активности во хотелите, транспортерите, туристичките агенции, туристичките одморалишта, изнајмувачите на туристички капацитети, rent-a-car агенциите, шопинг-центрите и туристичките водичи.
 

Цели на семинарот

Целта на семинарот е учесниците да се запознаат со принципите на E-Commerce преку интернет и воведување на методите на е-туризмот во секојдневното работење на сите претставници на синџирот на туристички услуги наменети за странските, но и домашните туристи.


Со оглед на тоа што постојано расте бројката на интернет-корисници кои купуваат on-line, туризмот ќе има сè поголем удел во on-line продажбата на интернет, а воведувањето на методите на е-туризмот методите во тековното работење на туристичките претпријатија ќе влијае за поголема достапност на македонските туристички услуги и зголемен број странски и домашни туристи.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Туризам 2.0
1.1 Е-туризам
1.2 Дефиниција
1.3 Резултати

2. Преглед на туризам 2.0
2.1 Карактеристики на е-туризмот
2.2 Апликации
2.3 Влијание на е-туризмот

3. Придобивки од е-туризмот

4. Улога на ICT

5. Историја на ICT во туризмот

6. Примери на туристички портали

7. Примери на апликации за патување
 

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.