ЦЕНА

5.900,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник E-COMMERCE

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата 

четврток: 17.30 - 19.30 часот (x 6 предавања)

фонд на часови: 16 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Сања Божиќ

(CV, тренери)

ГРУПА - април

21 април 2016

 

ГРУПА - декември

2 декември 2015

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

сертификат: Е-комерција и интернет продажба


Е-комуникацијата значи проследување на информацијата во електронска форма од една до друга личност со користење на компјутер, телефон или факс.

E-business значи водење бизнис по електронски пат, со помош на информации и интернет-технологија, а прилагоден на различни вкусови, навики и стилови на работење.

За едно претпријатие претставувањето на e-mail-от е првиот чекор во е-комуникацијата и e-business-от, но за други претпријатија e-business значи воспоставен e-commerce систем, кој преку интернет ќе им овозможи на потрошувачите и клиентите да ги нарачаат производите во секое време со опција нарачката да може да се плати on-line, плаќањето ќе се регистрира директно во администрацијата за набавка која ќе обезбеди испорака во најкус рок.


Развојот на модерниот деловен свет потврдува дека имплементацијата на e-commerce i e-business-от секогаш нуди големи предности во работењето на претпријатијата.

Потребно е да се следат актуелните e-commerce трендови, кои се брзо променливи, но исто така потребно е изборот на моделот за интернет маркетинг и продажба секогаш да се направи според типот на производот и услугата кои компанијата сака да ги понуди и продаде.


Цели на семинарот

Семинарот има цел менаџерите и раководителите на продажба и комерција да ги насочи и подготви за имплементација на најсоодветен e-commerce и интернет маркетинг модел, кој ќе овозможи промоција и продажба на производите и услугите до целни групи кои масовно го користат интернетот како медиум за информирање и комуникација.

Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1.     Класични модели на продажба и комуникација

  • Што ни недостасува во нашата комуникација?

  • Што да правиме за да ја подобриме комуникацијата со нашите птоенцијални клиенти?

  • Како да ја зголемиме продажбата?

2.     Е-маркетинг базиран на мобилна
и интернет-технологија

  • Што е интернет - развој и развиток од обична комуникациска мрежа до платформа за сериозен бизнис и забава?

  • eBusiness - што е eBusiness и модели на eBusiness

  • eCommerce - eCommerce модели

3.     Како да ги вратиме назад нашите клиенти и да одржиме долготрајна комуникација и врска со нив

3.1. Интернет маркетинг

  • е-маркетинг средства за комуникација (internet advertising, internet marketing PR, internet sales promotions, директен маркетинг, е-каталози, е-аукции)

  • интернетот како алатка за пребарување

  • влијанието на интернетот врз донесувањето на одлуки за купување

  • социјални мрежи, блогови

3.2. Интегрирана маркетинг комуникација

3.3. Customer Relationship Management

7. Како да го олесниме начинот на купување

7.1. Е-продавници

7.2. Е-банкарство

  • on-line системи на плаќање

  • развојот во Македонија

Со демонстрација на низа примери и Case Story за имплементација
на интернет маркетинг и e-commerce решенија во вистински претпријатија,
обуката ќе им помогне на учесниците во воведувањето и менаџирањето
на интернет маркетинг и e-commerce методите и прифаќање на е-предизвикот.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот
Е-
КОМЕРЦИЈА И ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА

ќе започне на

21 април 2016 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.