Цена
5.200,00 денари
(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

понеделник: 19.40 - 21.40 часот (x 5 предавања)

цена
5.200,00 денари
(на две месечни рати)

фонд на часови: 15 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Ирена Крстевска

(CV, тренери)

ГРУПА - септември

4 септември 2017

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

сертификат: Канцелариски менаџмент


Цел на семинарот

Ефикасната практична примена на прописите од сферата на работните односи придонесува за подигање на професионалната компетенција на вработените во човечки ресурси и финансии. Канцеларискиот менаџмент опфаќа повеќе сегменти: финансии, општи и правни работи, архивско работење, организација на канцеларија и човечки ресурси. Од административните службеници во денешно време се очекува управување со канцеларијата и истовремено извршување повеќе работни активности, особено во организација на финансиска, општа и правна документација и планирање на човечките ресурси.

Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување

  • надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби)

  • пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2)

  • договори за вработување М1/М2

  • примена на сметководствени принципи и начела

  • контрола и комплетирање на документација

  • проверка на формална исправност на документите

  • проверка на материјална исправност на документите

  • проверка на пресметковната исправност на документите

  • склучување на финансиски картици со соработниците

  • изготвување на извештаи

  • изготвување на попусти

  • водење на благајна

  • конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник

  • примање и издавање документи

  • водење на книги на влезни/излезни фактури

  • изготвување на фактури и основни финансиски документи

  • пресметка на даноци

  • стандарди и прописи, примена на правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки

  • подготовка на распоред на работни активности

Програмата за канцелариски менаџмент е составена од тематски целини во кои низ практични вежби се разработуваат функциите на трговските друштва од организациски и економско-правен аспект. Оваа обука може да ја посетуваат лица вработени во претпријатија, институции и организации, односно сите заинтересирани лица кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини. Обуката им овозможува поголема професионална конкурентност на вработените во одделите на човечки ресурси, финансии, сметководство, деловни секретари и намалени трошоци во работењето.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот започнува од

4 септември 2017 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.