ПАРТНЕРИ

 

Цена

9.750,00 денари
(на три месечни рати)

- до 18.08.2017

13.300,00 денари
(на четири месечни рати)

- после 18.08.2017

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

понеделник: 19.40 - 21.10 часот

вторник: 17.30 - 19.30 часот (x 12 предавања)


цена

9.750,00 денари (на три месечни рати) - до 18.08.2017

13.300,00 денари (на четири месечни рати) - после 18.08.2017


фонд на часови: 36 / ECVET кредити: 2,5
(еден наставен час - 40 минути)


предавачи: Александра Арсовска - Белчовска,
Искра Трајкоска и Ирена Крстевска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Деловен асистент


ГРУПА - септември
4 септември 2017

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со уплата на една рата од котизацијата се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

Деловниот асистент (Office Manager) е одговорен за ефикасно управување со канцеларијата. Тој има позиција на супервизор и е одговорен за проверка на сите постапки во канцеларијата. Тоа е едно од најважните работни места бидејќи ја обезбедува функционалноста на канцеларијата.

Обуката за Деловен асистент помага во развојот на напредни канцелариски вештини, вклучувајќи управување со финансиска документација, деловна комуникација и конфликт-менаџмент, организација на канцеларија, состаноци и менаџмент на време (time management), односи со јавност и организација на човечки ресурси.

 

Обуката за ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ ги поттикнува способностите за вербална и пишана комуникација, кои се основата за ефективна интеракција со луѓето на работното место или во општеството. Со еднакво значење е и развојот на способностите за обработка на информациите, што е од големо значење за прибирање, интерпретирање, евалуирање и управување со информациите.

Обуката опфаќа: финансии, општи и правни работи, архивско работење, организација на канцеларија и човечки ресурси. Деловните асистенти, освен административното управување со канцеларијата, често извршуваат работни активности за организација и планирање на човечките ресурси.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • професионална комуникација и кореспонденција

  • основни правила на вешта дискусија

  • решавање конфликти

  • култура на комуницирање и градење односи на соработка

  • психолошки елементи на комуникацискиот процес

  • организациско однесување

  • финансиски извештаи во Excel

  • вовед во сметководството, терминологија и структура

  • деловни документи, дневна книга и влезна книга,
    главна книга, влез и излез на податоци

  • конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник

  • примање и издавање документи

  • водење на книги на влези/излезни фактури

  • изготвување на фактури и основни финансиски документи

  • стандарди и прописи, применa na правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки

  • подготовка и распроед на работни активности

Можности за вработување

Обуката за Деловен секретар ги подготвува кандидатите за повеќе работни места во деловниот свет. Малите и средни претпријатија - често канцеларии со еден службеник, ги вработуваат завршените кандидати бидејќи можат да одговорат на разновидни задачи. Големите претпријатија и владини установи ги вработуваат кандидатите на разни позиции - рецепционист, службеник за обработка на документи, административен асистент, секретар(ка) или канцелариски администратор.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 4 септември 2017 година

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.