РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
И ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
 

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

Функционирањето на претпријатието, значи соочување со бројни можности, но и со проблеми. Успехот бара претпријатието да се стреми што повеќе да ги искористи и оствари можностите, а проблемите навремено да ги реши и ги претвори во можности.

ПРОБЛЕМ

Дефинирање и анализа

Проблемот за претпријатието претставува одредена ситуација во која има одредено нарушување во неговото функционирање, за кое треба да се најде решение.

Појавата на проблемот го предизвикува и наметнува процесот на неговото решавање. Самиот процес на решавање на проблемите ги опфаќа следните моменти: дефинирање, идентификација и анализа на проблемот.

Дефинирањето и идентификацијата на проблемот се прави со следните активности:

1. Пронаоѓање на причините за појавата и настанувањето на проблемот врз база на промените и знаците во врска со нив и во функционирањето на претпријатието. Промените и знаците кои говорат за некакво нарушување во функционирањето на претпријатието треба добро и прецизно да се утврдат и согледаат. Тоа се еден вид на симптоми на нарушувањата што предизвикуваат проблематична ситуација. Битно е токму тие знаци, или симптоми да се откријат со што ќе може да се делува во решавање на проблемот.

2. Следната активност се однесува на преземање активности со кои ќе се провери соодветноста и припадноста на тие знаци и симптоми на соодветниот проблем. Тоа значи дека треба да се утврди дали тие знаци и симптоми одговараат на одредениот проблем.

3. Третиот момент во решавањето на проблемите се однесува на анализата на самиот проблем. Анализата на проблемот првенствено почива на информациите, кои се однесуваат за и околу проблемот. Всушност треба да се користат информации кои нудат податоци и факти за проблемот. Исто така за информациите е важно да бидат точни, потполни разбирливи и навремени.

4. Дефинирањето и анализата на проблемот овозможува негово проценување и пронаоѓање на нарушувањата предизвикани од него. Дефинирањето и анализата на проблемот овозможуваат поставување и прецизирање на постапката за негово решавање.

ОДЛУЧУВАЊЕ

Општо за одлучувањето

Функционирањето на претпријатието е врзано со разни промени кои ги создаваат проблемите, за кои е неопходно да се изнаоѓаат решенија. Постапките во кои се спроведуваат етапите за решавање на проблемот се сврзани со потребата од донесување одредени одлуки.

Одлуката е израз на решението од еден проблем, но и резултат на еден процес познат како одлучување.

Одлучувањето е сложен и сеопфатен процес составен од повеќе етапи кои треба да дадат решение на одреден проблем. Етапите кои се содржани во процесот на одлучување се однесуваат на: утврдување на проблемот, прибирање на информации, формирање на алтернативни решенија, оценување и избор на решение, остварување на одлуката и контрола. Ова јасно зборува дека одлучувањето е еден интелектуален процес, кој бара познавања и знаења, истражувања но и примена на методи и правила за проценка на одлуката како вистинско решение. Резултат на процесот на одлучување е одлуката. Целта на одлуката е решавање на проблемот и отстранување на нарушувањата во функционирањето на претпријатието.

Фактот за правилноста во процесот на одлучувањето ќе се утврди преку ефектите од одлуката. Од ефектите на одлуката ќе се оцени како тие се одразуваат на функционирањето на претпријатието во однос на движењето на нарушувањата.

Одлучувањето не е процес сам за себе. Тоа се спроведува за решавање на некој проблем преку одлука која се донесува за да се примени во праксата и да се согледаат ефектите од неа. Со одлучувањето се избира сакан тек на некои активности во функционирањето на претпријатието.

Одлучувањето како процес се состои од дефинирање, информации, алтернативи, решение, спроведување и контрола, ја исфрла одлуката како избор од алтернативите. Како таков процес одлучувањето е поврзано со планирањето кое е основа на управувањето. Меѓутоа, процесот на одлучување како избор на сакан тек на некое дејствие е поврзан и со решавањето на проблемите во претпријатието. Одлучувањето има важна улога како процес кој е близок со планирањето, дури и како негов составен дел, бидејќи планирањето содржи идни одлуки за активностите на претпријатието.

Натаму, улогата на одлучувањето од аспект на решавањето на проблемите, е битна за успешното функционирање на претпријатието. Самиот процес на одлучување опфаќа одредени постапки со кои се остварува решавање на некој проблем, што за претпријатието значи функционирање без нарушувања. За одлучувањето може да се каже дека има карактеристична улога во процесот на управувањето.

Одлучувањето најчесто им припаѓа на менаџерите, но тоа не значи дека одлучувањето е резервирано само за нив. Одлучувањето се однесува на регулирање на основните цели во функционирањето на претпријатието, но и на регулирање на составните делови на претпријатието. Одлучувањето врзано со општите цели на претпријатието е од стратегиско значење и се однесува на долги рокови. Одлучувањето кое се однесува на составните делови на претпријатието има тактичка улога, опфаќа одделни делови и се однесува на кратки рокови.

Во претпријатието во секое време и на секое место се донесуваат одлуки. Тие можат да бидат различни во однос на нивната насоченост, цел, начин на донесување, од кого се донесени и друго.

Одлуки и услови за одлучување

Одлучувањето како процес се спроведува со цел да се донесе одлука која ќе значи одредено решение и тек на одредена активност. Одлуките како резултат на одлучувањето може да бидат различни со тоа што решаваат различни проблеми. Во таа насока се наведуваат неколку поделби на одлуките:

- организациски и персонални одлуки

- стратегиски и тактички одлуки

- програмски и непрограмски одлуки

Организациските одлуки се во врска со решавање проблеми и прашања сврзани со организациската структура на претпријатието, поставувањето на целите, донесувањето планови на претпријатието и слично. Персоналните одлуки се однесуваат на рутинските решенија кои немаат големо влијание на работата на претпријатието.

Поделбата на стратегиски и тактички одлуки се однесува на времето во кое се остваруваат одлуките. Стратегиските одлуки се долгорочни, а тактичките се краткорочни одлуки. Стратегиските одлуки имаат влијание врз целокупното работење на претпријатието, а тактичките одлуки се однесуваат врз работењето на составните делови на претпријатието.

Поделбата на програмски и непрограмски одлуки е од аспект на повторливоста на одлуките во однос на решавањето на проблемите. Програмските одлуки се јасно дефинирани и во нивното донесување се содржани одредени принципи и правила на работа. Овие одлуки се сврзани за повторливи ситуации во работењето. Тоа се одлуки во врска со дистрибуција на набавките, начини на продажба, начини на плаќање и слично. Непрограмските одлуки се сврзани со одлучувањата за ситуации кои се појавуваат во даден момент и само тогаш. Тие се однесуваат на ситуации за кои не е карактеристична повторливоста. Такви одлуки се одлуките за нов производ или услуга, нов погон или објект, настап на нов пазар и друго. Со програмските одлуки се решаваат едноставни проблеми, додека со непрограмските одлуки се решаваат сложени проблеми.

Процесот на одлучувањето се остварува врз база на факти, податоци, анализи и избор, кои заедно создаваат одредени услови на одлучувањето и во донесувањето на одлуката. Од условите на одлучувањето зависи колку одлуката ќе биде правилна или не.

Карактеристични се три типа на услови за одлучување:

- услови на извесност

- услови на ризик

- услови на неизвесност

Кај условите на извесност во одлучувањето се знае што точно ќе се случи. Тоа се ситуации кога се располага со комплетни информации и знаења.

Условите на ризик се карактеризираат со делумни информации и недостаток од знаења за одговор по сите прашања сврзани со решенијата на проблемот. Во овие услови се користи методата со која се утврдува веројатноста за решавање на проблемот.

Во услови на неизвесност се располага со минимум или никакви информации и знаења во донесувањето на одлуката. Обично се смета дека ваква ситуација е неостварлива.

Шуна Спировска

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.