МЕНАЏМЕНТ НА ИНФОРМАЦИИ И МЕНАЏМЕНТ НА ЗНАЕЊЕ: ПРИЈАТЕЛИ ИЛИ КОНКУРЕНТИ

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

Информацијата е важна во секоја организација, без разлика дали е печатена или напишана на хартија, се чува во електронска формам се праќа по пошта или со електронски средства.

An investment in knowledge pays the best interest - Benjamin Franklin

Спротивно на раширено мислење дека управувањето со безбедноста на информациите значи обезбедување на доверливост, концептот е многу поширок. Управувањето со безбедноста на информациите претставува обезбедување на доверливост, интегритет и достапност на пишана, говорна и електронска информација.

Овој концепт за управување со безбедноста на информациите беше актуелизиран кога луѓето сфатија дека информацијата е ресурс што е вреден за организацијата и треба да се менаџира соодветно.

Организациите, исто така, почнуваат да гледаат и на "знаењето", како ресурс. Ова значи дека е потребено да се управувава со знаењето во организацијата.

Знаењето представува целосно искористување на информации и податоци, заедно со потенцијалот и вештините на луѓето, надлежностите, идеите, интуицијата, задолженијата и мотивацијата.

Управување со знаењето е процес на собирање, управување и споделување на знаењето на вработените во целата организација. Споделување на знаењето во организацијата ги подобрува постоечките организациски бизнис процеси, влијае за воведување поефикасни и поефективни бизнис процеси и отстранување непотребни процеси. Тоа е дисциплина која промовира соработка и интегриран пристап кон создавањето, собирање и користење на знаењето во претпријатието. Broadbent (1997) го дефинира управувањето со знаењето како "форма на експертски менаџмент кој премолченото знаење го прави достапно за специфични цели и подобрување на ефикасноста на организацијата; - за тоа како организацискиот "know-how "треба да биде структуриран, организиран, лоциран и подготвен, за се може да се употреби за ефикасна акција во соодветен момент„.

Менаџмент со информациски системи

Целта на воведување менаџмент систем за управување со информациите во организациите е да се обезбеди механизам за управување со информации и безбедносни ризици ма информациите, да се обезбеди континуитет на бизнисот, правно усогласување согласно законите и стандардите и да се постигне конкурентска предност. Една од целите на информациските системи е да се спроведат соодветни мерења / контроли со цел да се елиминира или минимизира влијанието на различни безбедносни закани и слабости врз организацијата. Информации безбедносни контроли има на неколку нивоа: физички, техничко / логички и административните контроли. Важно е да се дефинираат и спроведат контроли од различни нивоа, бидејќи тие се надополнуваат.

Трендовите и истражувањата покажуваат дека е многу важно да се подигне свеста на луѓето / вработените за потребите и придобивките од менаџмент информациските системи. Треба да се обучуваат како да го користат системот, бидејќи безбедноста на информациите повеќе зависи луѓе одколку што зависи од технологијата и затоа што вработените се препознаваат како поголема закана за безбедноста на информациите отколу надворешни лица.

Системи за менаџмент на знаење

Целта на спроведувањето системи за менаџмент на знаењето во организациите е да:
го зачуваат знаењето од проекти, задачи, литература, студии на случај, експерти итн. На
дадени теми и да ги направи достапни.
собираат нови информации и знаење, поврзат различни компоненти на знаење,
се добијат важни заклучоци од податоците и информациите.
се обучат луѓето за пристапување до знаењето и релевантните информации и да се насочат кон соодветните ресурси и др

Системите за менаџмент на знаење имаат три компоненти: управувањето со луѓето, управување со процесите и управување со информациите.Луѓето се клучната компонента бидејќи тие го раководат интелектуалниот капитал на организацијата, со што се зголемува организациската вредност и обезбедува конкурентска предност.

Земајќи ги во предвид основите на управување со информациите и управувањето со знаењето лесно е да се заклучи дека овие концепти постојат долго време. Но, овие концепти се актуелни во организациите во изминатиот период, поради пенетрацијата на ICT технологијата во секојдневниот живот. Информациските системи и системите за менаџмент на знаење се многу зависни од ICT технологијата, но многу е важно да се запомни дека ICT е само алатка за подобрување на ефикасноста на двата системи, а не суштинска компонента. Клучните компоненти се луѓето, бидејќи тие управуваат со информациите и знаењето.

Имајќи ги во предвид сите аспекти за управување со знаењето и информациите тие можат да бидат интегрирани во еден единствен систем за управување во организациите. Овој интегриран систем за управување може да им помогне на организациите да растат и да иновираат, да ја зголемуваат нивната продуктивност и ефикасност, да го подобруваат нивниот однос со клиентите, учењето и задоволството на вработените, да управуваат со процесот на донесување одлуки итн.

Имајќи го сето ова во предвид, можам да кажам со сигурност дека воспоставувањето на еден кохерентен систем за управување со знаењето и информациите во една организација може да помогне во искористување на најдобрите придобивките од двата системи за управување.

Ана Мешковска

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.