КОЈ Е ЛИДЕРОТ?

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

Денешниот свет е многу посложен, постресен и променлив од минатото. Од индустријализација поминавме во информатичко општество кое носи со себе свои последици. На работа се соочуваме со предизвици и проблеми кои пред една деценија не ни можевме да ги замислиме.

Колку промените се поголеми и нашите предизвици се потешки, со тоа навиките се уште порелевантни.

Дозволете ми да ви посочам некои спротивности со кои секојдневно се соочуваме:

Страв и несигурност . Многу број на луѓе денес живеат во страв. Постојано се исплашени и замислени за својата иднина. Осетливи се кога е во прашање нивното работно место. Се плашат да не го изгубат работното место за да неможат да ја издржуваат својата фамилија. Ниваната осетливост ги наведува на живот без премногу ризици, па со самото тоа и ги прават зависни на работа и дома. Најголема реакција на нашата култура за овој проблем е остварување на независност. Да се најде во својата работа ситни задоволства. Независноста е неопходна за достигнување на успех.

Сакам се и сакам веднаш. Многу луѓе во кои можеби некој и од вас ќе се пронајде сакаат да имаат многу работи и тоа веднаш . Пари, голема куќа, добра кола, добри забави итн. Најчестиот коментар е дека “Сакам се зашто заслужувам”.Иако денешниот принцип “купи сега плати после” не ја олеснува економската стварност пред или после не можеме да ја избегнеме реалноста дека она што сме го купиле никогаш не е поголемо од трудот кој сме го вложиле. Макотрпна работа и залагање како никогаш да не се доволни. Брзите промени во технологијата, барањата на националниот и интернационалниот пазар се се поголеми, постојано сме условени на постојано усовршување и обучување. Присилени сме да ги разменуваме знаењата и никогаш да не прекинеме да вложуваме во својот развој, во изучување на вештини како би избегнале да заостанеме зад другите. На работа шефовите наметнуваат поголеми цели и тоа со причина. Трката за успехот е сурова, а влоготвите се огромни. Може да ги исполниме кварталните планови ама прашањето останува: дали вложуваме доволна во одржување на растот за наредни пет или десет години? Нашата култура е да се бараат резултати сега! Ама принципот за балансирање на потребите за исполнување на потребите со потреба од инвестирање во иднината е неопходност.

Кривица и жртва. Кога ќе наидете на проблем обично ќе вперите прст во кривецот, а од другата страна се соживува во случајот на улогата на жртва. Префрлање на кривицата на некој друг и окривување на другите за нашите проблеми и нашите предизвици може да стане практика која може да пружи само привремена утеха додека се повеќе се врзувате за истите тие проблеми. Покажете ми личност која е доволно скромна да прифати и да преземе одговорност за ситуац ијата во која се наоѓа и да има доволно храброст да се соочи со потребната иницијатива да се соочи со предизвиците покажувајќи колку е неверојатна моќта на изборот.

Безнадежност. Кога ќе на подлегнеме да веруваме дека сме жртви на сопствените околности и се препуштаме на ситуацијата, автоматски губиме мотив, надеж дека ќе има можност да биде подобро и се препуштаме на летаргијата и незаинтересираноста. Јас сум само марионета, ситен дел од машинеријата и неможам ништо да променам. Само кажете ми што да правам – се честите коментари на работниците и многу талентирани и паметни луѓе размислуваат вака после што следува разочарување и депресија. Најчеста реакција е цинизмот кога веќе нема што да ве разочара. Спротивно на тоа е револуционерниот пристап дека ние сме креативна сила и секогаш имаме избор и сме сопственици на својот живот.

Недостаток на рамнотежа. Во ова брзо и стресно време, кога барањата се многубројни и очекувањата се поголеми ставени сме на константен расчекор со себе помеѓу работата и приватниот живот. Жртвуваме работи денес за да имаме подобро утре. Само што рамнотежата и смирениот ум не функционира на таков начин, рамнотежа постои доколку имаме јасен став кон нашите приоритети и на кои треба да се фокусираме.

Што има тука за мене? Современата култура не учи дека доколку сакаме нешто во нашиот живот мораме да се натпреваруваме со најдобрите. По тоа животот преставува трка во која нема место за губитници. Не се ангажираме за работи во кои немаме директна корист, а вистинската величина е да се сподели со обострана почит за обострана корист.

Глад за разбирање. Повеќето луѓе разговараат преокупирани со своите работи и проблеми и гладни да споделат и да бидат разбрани без да сослушаат. И тогаш не постои комуникација.

Несогласувања и разлики. Луѓето имаат толку заеднички работи ама и понатаму неверојатно се разликуваат. Мислат различно, имаат различни и често спротивни состеми на вредности, мотиви, гледишта. Најчести конфликти се јавуваат со овие разлики. Друштвено компетитивен пристап е решавање на проблеми и разлики со освој колку што можеш, јас сум во право. Каква штета што разликите не овозможуваат да примениме креативна соработка во која ќе произлезат решенија каде двете страни би научиле и би победиле.

Она што ги прави лидерите различни од другите е прифаќање на одговорност и отфрлање на улогата жртва.

Кои се трите примарни задачи на секој лидер?

Да постави насока: визија, мисија, цели

Да изгради посветеност кон работата: мотивација и инспирација

Соочување на предизвиците: иновација, справување со промените, турбуленции, преземање на ризици.

м-р Ана Филиповска

м-р Анета Мајсторова-Ивановска

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.