ERP - МИТ ИЛИ ФАКТ

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

ERP - Enterprise Resource Planning е начин да се интегрираат податоците и процесите на организацијата во еден единствен систем.

Обично ERP системите имаат многу компоненти, вклучувајќи хардвер и софтвер, со цел да се постигне интеграција - повеќето ERP системи користат единствена база на податоци за чување на податоци за различни функции во организацијата. Enterprise Resource Planning (ERP) е компјутерски софтверски систем кој се користи за управување и координирање на сите ресурси, информации, и функциите на бизнисот од заедничка база на податоци. Во минатото, ERP системите беа користени во поголеми и индустриски типови на компании. Сепак, употребата на ERP е променета, денес може да се однесува на било кој тип на компанија, без оглед на индустријата на која припаѓа. Всушност, ERP системи се користат во речиси секој вид на организациии - големи или мали.

I.  ФАКТИ

Кои се бенефициите од реализација на ERP?

За да дознае, треба да се погледнат некои статистички податоци од тековна ERP студија. Студијата, која се фокусира на компании од целиот свет кои спроведуваат или се во процес на спроведување на различни ERP пакети, открива некои интересни точки:

      30% од анкетираните не регистрирале било кој вид намалување на бројот на персоналот по воведувањето

      18% воопшто не ги мереле бенефитите од воведување на ERP

      28% имале некој вид на проблем или оперативни прекин по воведувањето

Изненадувачки, само 18% од компаниите не ги мереле бенефициите (со други зборови, 82% навистина ги мереле). Второ, фактот дека 28% доживеале застои се чини малку алармантен. Тоа значи дека најмалку 1 од 4 компании имаат оперативни проблеми и / или застои поради прекините предизвикани од ERP.

Што е заклучокот?

Прво, резултатите покажуваат дека во никој случај не се гарантираат ERP бенефициите. Второ, попречувањето на основните операции на организацијата поради ERP е значаен бизнис ризик. Овие фактори јасно ќе влијаат на рентабилноста на инвестицијата во ERP и треба внимателно да се третираат како дел од целокупниот план за воведување ERP.

II.  ПРЕДНОСТИ

Постојат голем број на моќни предности на ERP - Enterprise Resource Planning. ERP се користи за да се решат голем број проблеми со кои се соочувале големите организации во минатото.

Предности на ERP:

Во отсуство на ERP систем, големите производители често користат многу софтверски апликации кои што не комуницираат едни со други и не можат ефикасно да соработуваат. Задачите кои треба заеднички да ги реализираат може да бидат:

      дизајнерско инженерство (како најдобро да се направи производ)

      следење на нарачките од прием до исполнување

      следење на циклусот на приходи од издавање фактура до приемот на уплата

      следење на информации при набавките: налози за нарачки (она што е нарачано), прием на нарачаното (она што пристигнало), и трошокот (она што добавувачот го фактурирал)

      сметководство и финансии – тековно следење на приходи, цена и профит.

Недостатоци на ERP:

Проблемите кои организациите ги имаат со ERP системите се поради недоволни инвестиции во постојана обука на персоналот - особено обуките за начинот на спроведување организациски промени, како и недостатокот на деловната политика за заштита на интегритетот на податоците во ERP системи. Ограничувања од ERP вклучуваат:

      прилагодувањата на ERP софтверот се ограничени.

      ре-конструирање на бизнис процесите со цел да се прилагодат на "стандардите" пропишани од страна на ERP системот може да доведат до губење на конкурентската предност.

      ERP системите може да бидат многу скапи за инсталација, цените се движат од 30.000 до 500.000.000 за мултинационалните компании.

      ERP провајдерите можат да наплатат суми за годишно обновување на лиценцата кои не кореспопндираат со големината на компанијата или нејзината профитабилност.

      ERP системите често се гледаат како премногу ригидни и премногу тешко се прилагодуваат на специфичната работа и бизнис процесот на некои компании, а ова се наведува како еден од главните причини за нивниот неуспех.

      ERP системите може да бидат тешки за употреба.

      ERP системите се премногу рестриктивни и не дозволуваат многу флексибилност во спроведувањето и употреба.

      ERP системите може да страдаат од "најслабата алка" - проблем на неефикасност во еден оддел

      Откако системот е воспоставен, трошоци за префрлање на друг систем се многу високи

      Отпорот за споделување чувствителни внатрешни информации помеѓу сектори може да ја намали ефективноста на софтверот.

      Чести се проблемите со компатибилноста со различни наследени системи во организацијата.

      Системот може да нуди преголеми можности во однос на реалните потреби на клиентите.

Заклучок

Успехот на системот е целосно зависен од тоа колку работниците го користат. Ова значи дека тие мора да бидат соодветно обучени - иако голем број на компании се обиделе да заштедат пари преку намалување на трошоците за обука. Дури и ако една компанија има доволно пари да спроведе ERP, таа не може да биде во состојба успешно да го користи, ако нема доволно пари да ги обучува нивните работници за неговото користење. Еден од најголемите проблеми со ERP е дека тешко е да се прилагодите на него. Многу малку компании можат веднаш ефикасно да го користат ERP. Тој мора да се модифицира за да одговара на нивните потреби, а овој процес може да биде скап и долг.

III.  МАЛ БИЗНИС

И покрај агресивните намалувања на трошоците, малите и средните претпријатија се уште се борат со притисокот да ги намалат оперативните трошоци, како клуч за нивните бизнис стратегии. Сепак, овие бизниси сеуште се дел од пазарот за имплементирање нова технологија – особено областа „релации со клиентите (CRM)„, област во која се очекува зголемување на инвестициите во текот на следните две години.

Имплементирање на ERP во мал бизнис бара обемни инвестиции. Износот веќе е прилично достапен за малите деловни субјекти. Нема сомнение да се каже позитивно за благодетите од имплементацијата. Но, прашањето е дали секој може да си го дозволи. Одговорот долго време беше негативен, но веќе не е така. ERP аутсорсингот, софтвер со отворен пристап до ERP и ERP апликациите наменети за МСП (мали и средни претпријатија) доведуваат до успешно надминување на погоре спомнатите ограничувања.

Enterprise Resource Planning дплго беше термин ограничено само на елитната класа. Големите организации започнаа и продолжија со употреба на ERP искусувајќи ги позитивните но и негативните последици при што ги употребија сите проактивни мерки за да ги надминат. Исто така порано ERP провајдерите беа заинтересирани да работат само со големи играчи. Потребите на малите и средни претпријатија останаа незадоволени. До неодамна ERP за МСП остана само сон. Во меѓувреме бројот на големи компании без имплементиран ERP се сведе на нула. Без сомнение иако компаниите првично имаа отпор,сепак потоа дојде фаза каде што една компанија не може да постои без имплементиран ERP. Дури и ако нивните перформанси беа задоволителни, тие не беа во можност да се здобијат со конкурентски предности без имплементиран ERP. Ова објаснување за тоа како „голијатите„ се прилагодија на ERP има големо значење во начинот за имплементација на ERP во мали и средни претпријатија. Големите компании никогаш не биле доволни за обезбедување на потребниот бизнис на ERP провајдерите. Иако постојат голем број големи компании, бројот на провајдерите секогаш бил поголем. Ова значи дека само најдобрите можеа да добијат работа. Исто така и на најдобрите играчи исто така им се покажа дека неможат вечно да работат само на пазарот на големите компании, бидејќи речиси секоја голема компанија на пазарот успешно воспостави ERP. Со тоа остана необработен огромниот пазар на мали и средни претпријатија кој понатаму е цел на големите ERP провајдери.

Следното прашање е како ERP провајдерите на МСП да им обезбедат најдобри услуги по прифатлива цена, а притоа се уште да прават профит. Во оваа ситуација провајдерите мораа да бидат загрижени за обемот на продажбата кои би можеле да го направат, односно потребен е поголем обем на продажба за апликации со пониска цена кои сепак ќе ги исполнат барањата на малите и средни претпријатија.

Клучните фактори кои ги насочуваа малите бизниси кон ERP се чини дека се: 1) развојот на секторот на мал бизнис, и 2) поголем фокус на ERP провајдерите на пазарот на мал бизнис. Поголемиот дел од клиентите од малиот бизнис размислува за воведување на ERP поради нивниот брз раст. Истовремено голем број ERP провајдери кои беа фокусирани на големите компании сега разввиваат решенија со пониска цена и со соодветна функционалност за помалите бизниси.

А третата и последна можна причина е затоа што многу ERP играчи влегле на пазарот за да обезбеди функционални решенија за специфични индустрии. Отворените технологии преку „мрежата„, ги намалија бариерите за влез во пазарот на ERP, така да многу помали играчи сега се способни да ги пополнат празнините оставени од големите ERP провајдери - по пониска цена.

Иако овој зголемен фокус кон малиот бизнис е добар за компаниите со ограничени буџети, исто така, претставува дополнителен ризик. Сега, постојат повеќе добавувачи од кога било, но некои производи се многу повеќе докажани од другите. Значи малите бизниси треба да биде особено внимателни и темелни при оценување и избор на ERP пакетот. Тие треба во процесот на селекција да одберат солиден софтверски пакет кој ќе обезбеди силна рентабилност на компанијата.

Мали и средни претпријатија веќе се популарен пазар на ERP провајдерите. Постои зголемување на јавната свест за ERP во МСП пазарот. Тоа практично помогна да се разоткрие митот дека ERP е исклучиво наменет за големите бизниси. ERP стана важен дел од инвестициите во малите и средни претпријатија.

Нина Угриновска

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.