AЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

Алтернативните развојни форми не се спротивставени на основните туристички видови туку претставуваат компонента на взаемништво.

Покрај изворноста на активностите што ги даваат алтернативните видови туризам, овие форми претставуваат фактор на вкупниот развој на просторот и туризмот како дел од развојните компоненти. Исто така, тие се и фактор за развој на основните форми, а ја поттикнуваат вкупната посетеност на регионот. Меѓутоа, за разлика од масовниот туризам во кој посетеноста има концентриран карактер, алтернативното зголемнување на посетеноста има дисперзивно значење, односно туристите се распоредуваат на повеќе локации. Алтернативните форми на туризам се фактор кој овозможува вклучување на разлиучни сегменти на туристичката побарувачка. Имено, на овој начин различните афинитети на туристичката клиентела може да најдат атрактивни содржини. Така ќе ги задоволат своите барања сврзани со забележителна пребирливост. Преку алтернативните форми на туризам се овозможува поддршка во напорите да се заштитат егзотичните средини, ретките колорити на пределите, недопрената природа, традиција и култура и да се активираат преку нивна посета.

Видови алтернативен туризам

Македонија поседува непроценливо природно богатство. Таа е облагородена со извонредни предели во кои чистиот воздух предизвикува вистинско уживање. Расчленетиот релјеф, проткаен со бројни форми, различните идилични пејсажи и колоритот на вегетацијата ја определува како една од најатрактивните во овој дел од светот. Тоа е причина повеќе да ја заштитиме и да ја оставиме во наследство на идните генерации. Од овој вид туризам, корист треба да извлече целото општество, а посебно локалното население кое живее во областите погодни за овие форми на туризам. Придобивките треба да се бараат во различни области. Меѓу нив туристичкиот развој заслужува посебно внимание. Туризмот претставува можност за користење на заштитените подрачја на одржлив начин. Тоа е во исто време начин да се користи, штити и унапредува животната средина, богата со инзвонредни природни и внесени (од човекот) содржини и елементи. Развојот на алтернативните форми на туризам е посебно значаен во подрачјата во кои постои автентична природа и културно наследство сврзани со можности за рекреација, културни доживувања и забава.

Еко-туризам

Еко-туризмот претставува современа форма на туристичка алтернатива. Таа произлегува од суштествената потреба на човекот за враќање кон природата, во услови кога под наплив на урбанизацијата и индустрилизацијата доаѓа до потиснување на “чистата природа”. Се поретки се можностите да се биде во простор со автентични вредности. Така туристите се поттикнуваат за посета и престој во средини во кои еко-системите како вредност претставуваат основа за заштита. Заштитените средини се пак подрачја во кои постојат потенцијали за еко-туристички активности.

Рурален туризам

Руралниот туризам претставува специфичен, алтернатгивен вид туризам диференциран врз основа на мотивската атрактивност на селските средини со зачувани традиционални карактеристики.

Тоа се средини во кои туристите можат да се занимаваат со полјоделски, сточарски активности, преработувачко и занаетчиско производство со традиционални карактеристики, учество во свечености и манифестации, седенки и фолклорни средби. Туристите ги привлекува незагадената животна средина, чистиот воздух и свежата изворска вода, селската идилична колоритност, традиционалната селска архитектура и екстериери, ентериетното уредување и опремување со традионални содржини, традиционалните семејни односи и средбите со домашните животни и миленичиња.

За туристите од атрактивно значење е традиционална храна и пијалоци. Во тој поглед атрактивно е активното учество на посетителите како во подготвувањето така во сервирањето и послужувањето. Покрај храната и пијалоците како мотивска атрактивност со традиционални карактеристики за туристите е интересна и свежата свежата и биолошки исправна храна и храната со органогени карактеристики. Развојот на руралниот туризам е во врска со бачилското сточарење како специфичен начин на номадски живот кој претставува посебна атрактивност за туристите. Активностите се однесуваат на учество во напасувањето на овците, нивното молзење, прехранување, преработка на млекото и производство на млеќни производи, подготвување и служење на споецијалитети сврзани со бачилското сточарење. Традицијата на бачилското сточарење е присутно во Галичник, Г. Белица, високиот дел на атарскиот простор на Вевчани, Подгорци, Лабуништа и Лакавица од западниот дел на Р.М, како и делови од Малешевијата и Осоговските планини од источниот дел на Р. Македонија. Равојот на овој вид туризам поседува забележителни рекреативни карактеристики кои се сврзани со разгледување на селските предели и активен одмор.

Во културна смисла овозможува откирвање на специфичлни традиции и елементи кои ги облагородуваат посетителите со својата реткост и некатадневснот. Со развојот на руралниот туризам се овозможува подобрување во коридтење на ресурсите и начинот на живот, а во општествено-економска смисла спречување на иселување и отварање на процеси на враќање и доселување на нови жители.

Планински велосипедизам

Планискиот велосипедизам се јавува како алтернатива на класичниот велосипедизам кој се одвива во рамни простории или во простории со релативно благи наклони. Во неговата основа е содржана потребата од велосипедско совладување на предели со бројни нерамнини и тешко проодни карактеристики за вакво возење и пред се, совладување на планинските страни. Велосипедските патеки од овој вид се карактеристични по релјефна и почвена структура со различните наклони и присуство на каменити, водотечни вегетациски и други пречки, како и комуникации кои водат до вакви терени. Тоа значи дека туристите припаѓаат на структурата на побарувачката која има рекреативни потреби сврзани со велосипедизмот, љубов кон природата и желба за соочување со предизвици.

Алпинизам

Алпинизмот е една од најпопуларните алтернативни форми на туризмот. Етимолошки потекнува од освојувањето на Алпите кои пак се синоним на високи планини. Активностите претставуваат освојување на високите врвови и стрмни отсеци. Треба да се констатира дека ваквите релјефни форми претставуваат основа за развојот на оваа дејност.

Карактеристично е дека се работи за алтернативна туристичка форма во која сезонските влијанија не се нагласени како кај другите видови туризам и алтернативни активности. Ваквата вредност овозможува проширување на сезоната.

Со алпинизмот се занимаваат посетители кои се добро извежбани за освојување на високи врвови, но и почетници. За разлика од алпинистите кои се добро истренирани, почетниците во алпинизмот наоѓаат можност да се стекнат со знаења и вештини за совладување на височините. За оваа намена се користат отсеци во планинскиот простор. Покрај тоа, на карпестите отсеци можат да се организираат тренинг и искачувања за почетниците.

Параглајдерство

Параглајдерството преставува летечка алтернативна форма која овозможува, со помош на посебно летало, да се совлада просторот по воздушен пат. Се добива впечаток дека со летањето на овој начин параглајдеристите всушност, својата активност ја темелат на имитацијата на летот на птиците. Притоа, ги користат воздушните погодности како што се благите ветрови или воздушните тишини, отсуство на магла и слаба облачност. Исто така, основа за развој претставуваат и високите врвови и отсеци, кои се користат за полетување.

Туристичката клиентела во оваа активност е клиентела со специфични афинитети и склоности. Основа за параглајдерството се рекреативноста и куриозитетноста во издигнетоста над планинскиот простор. Богатството на различни природи и антропогени содржини овозможуваат ретко пејсажно и панорамско доживување. Тоа се однесува не само на тесниот планински предел, туку и на целиот регион, исполнет со извонреден колорит и ретка комбинација на вода, копно и шумовидост.

Со ваквата активност може да се занимаваат само извежбани параглајдеристи. Затоа е потребно просторните погодности да се искористат и како можност за тренинг активности за параглајдерство за што можат да послужат и пониски врвови.

Хербален туризам

Пред било какво започнување со хербален туризам, населението мора да има предвид дека има точно одредени насоки како да се собираат растенија за да не се уништат трајно одредени видови. Исто така, изнесување на растителен или животински материјал од државата е казниво со закон затоа што многу растенија и животни се заштитени со меѓународната конвенција CITES која забранува тргување и преминување на границата со таков материјал.

Спелеолошки туризам

Овој вид туризам сеуште не е промовиран и постојат услови за развој и посета на само неколку пештери во Македонија. Ова значи дека пештерите се уште не се доволно проучена и засега нема можности да се користат како туристичка атракција туку само во насока на едукативни и научно-истражувачки активности.

Никола Цуцулески

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.