• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

Цена

8 часа:
3.850,00 де
нари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература БИЗНИС ПРОЦЕС-МЕНАЏМЕНТ

  

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

четврток: 19.40 - 21.40 часот (x 3 предавања)

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Нина Угриновска

(CV, тренери)

ГРУПА - март

17 март 2016

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

 

сертфикат: Бизнис процес-менаџмент


Бизнис процес-менаџмент е менаџмент-пристап насочен кон контрола и оптимизација на процесите во организацијата. Бизнис процес-менаџментот им овозможува на организациите да бидат поефикасни, по ефективни и поспособни за промени во споредба со традиционалниот, функционално фокусиран, хиерархиски менаџмент-пристап.

Во услови на глобална конкуренција и постојани промени на условите за бизнис на локалниот и регионалните пазари, практикувањето на Бизнис процес-менаџментот ќе помогне во креирањето подобри бизнис-процеси и ефективно интегрирање на персоналот, технологијата и процедурите во организацијата. Сето тоа ќе придонесе за реализација на подобар и континуиран квалитет на производите и услугите, зголемена брзина на нивна испорака на пазарот, повисоко задоволство на клиентите и потрошувачите.

Воведувањето на Бизнис процес-менаџмент пристапот во организациите е особено функционален пред воведување на ISO стандардите во организацијата. Во организациите кои веќе ги практикуваат ISO стандардите, Бизнис процес-менаџмент пристапот е корисен при реорганизација на бизнис-процесите - Business Process Reengineering, односно анализа и дизајн на процедурите и процесите, со цел нивно подобро интегрирање во организацијата, подобрување на комуникацијата и размена на информациите во организацијата, воведување ERP системи, подобрување на HR менаџментот и менаџментот на знаење, подобрување на односите со клиентите итн.


Цели на семинарот

Целта на семинарот е одговорните лица за подобрување на процесите во претпријатија и организациите (менаџери за деловен развој, извршни директори, IT директори или IT персонал инволвиран во одржување на процесите, проект-менаџери, консултанти и софтверски фирми) да научат да ја препознаваат моменталната ситуација на процесите и да дизајнираат и имплементираат подобри процеси.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Што е Process Management
2. Дилеми околу Process Management
3. Дефиниција и идентификација на процеси
4. Дефиниција и идентификација на потпроцеси
5. Процесни матрици
6. Реорганизација на бизнис-процеси (Business Process Reengineering)
7. Реорганизација на компаниите (модерен пристап) - 7 пилари за ефективна трансформација на компаниите
8. Culture Killers (постапки кои ја уништуваат корпоративната култура при брз раст на компаниите)
9. Визија и мисија на компаниите имплементирани во деловните процеси - успешна имплементација
10. Улога на вработените во бизнис-процесите
11. Управување со знаења во бизнис-процесите
12. Влезни и излезни параметри за секој процес
13. Начин на изработка на дијаграм на процеси и процедури - процесни модели
14. Business Decision Management
15. Продуктивност на процесите - метрики
16. Оптимизација на процесите
17. Стандарди за управување со деловни процеси (Total Quality Management, six sigma, ISO 9000...)

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации, дизајнирани за постигнување ефективна едукација.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот

БИЗНИС ПРОЦЕС-МЕНАЏМЕНТ

ќе започне на

17 март 2016 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.