Литература

сите учесници на обуката ќе добијат литература БИЗНИС ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

 

 

Пријавување
и информации

(02) 244 8077

075 438 576

факс: (02) 244 8134

contact@cosmoinnovate.com.mk

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Ана Филиповска

(CV, тренери)

сертификат: Бизнис проект-менаџмент


Проект-менаџментот претставува организирано реализирање на специфични и конкретни цели, кои служат на одредена функција или повеќе функции. Поедноставно кажано, проект-менаџментот може да се дефинира како менаџмент-активност за конкретна цел, која се реализира за првпат за сопственикот или нарачателот на проектот. Од друга страна, бизнис-менаџментот се дефинира како серија на менаџмент-активности, кои се прават многупати за извршување на целокупната цел. Оваа цел е, вообичаено, профит.

Според тоа, Бизнис проект-менаџментот ќе се дефинира како менаџмент-активности кои се прават првпат за време на тековното водење на бизнисот. Доколку овие менаџмент-активности се повторат неколку пати со цел обезбедување профит, тогаш ќе станат активности на бизнис-менаџментот.

Денешните работни места имаат сѐ подинамична природа и комплексност. Денешниот менаџмент има сѐ повеќе проблеми во постигнувањето ефективно планирање, организирање, мониторинг, координирање и водство. Постои потреба од дистрибуирани методи за олеснување на планирањето, организирањето, мониторингот и координирањето, за луѓето да постигнат високо ниво на продуктивност. Сѐ повеќе менаџери во бизнисот воведуваат проект-менаџмент методи. Сепак, методологијата ма проект-менаџментот е дизајнирана за менаџирање на проекти низ хиерархиски поставена организација, а современите менаџмент-методи треба да менаџираат поединци и тимови за реализирање на задачите и проектите во хиперархиска (динамична хиерархиска) средина. Бизнис проект-менаџментот го надминува тој јаз и ги приближува методите на проект-менаџментот за нивна имплементација во бизнис-менаџмент процесите.


Цели на семинарот

Семинарот Бизнис проект-менаџмент има цел менаџерите, проект-менаџерите и раководителите да ги подготви за повисоко ниво на водење на проекти и водење на бизнисот, како и за постигнување високо ниво на продуктивност.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • дефинирање и организирање на бизнис-проект

  • воспоставување на проектната организација

  • дефинирање на проектните параметри

  • планирање на рамката на проектот

  • подготовка на распоред

  • анализа на ресурсите

  • развивање на план за управување со ризикот

  • следење и управување со проектот

  • дефинирање на статус

  • планирање и употреба на адаптивна акција

  • затворање на проектот

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе го научат следново:

  • концептот на бизнис-проектите

  • разликите меѓу бизнис-менаџментот и бизнис проект-менаџментот

  • разликите помеѓу хиерархиска и хиперархиска средина (средина каде поединците работат во хиерархија, но и со сите останати кои придонесуваат за успешна реализација на проектот)

  • контролата на реализација на поединечни задачи (фази на проектот) и контролата на тоа како се реализирани задачите - карактеристика на бизнис проект-менаџментот е понапредна контрола во текот на реализацијата на фазите, за разлика од вообичаената координација на реализирани фази во проектот кај проектниот менаџмент

  • размената на информации меѓу учесниците во бизнис-проектот - достапност до информации, кои во класичниот проект-менаџмент вообичаено биле достапни само на проект-менаџерот

  • поттикнувањето на креативно размислување и адаптација

  • координирањето на тимовите (меѓу тимовите и во тимовите), бидејќи во бизнис-проектите поединците можат да учествуваат во повеќе тимови, проекти и задачи кои се дел од останатите тековни бизнис-активности

  • координирањето на пониското ниво со цел размена на информации за тековниот прогрес во реализирање на целите и фазите на проектот - подготовка на прогрес-репорти, кои не се планирани според претходен распоред, туку според тековните активности и постигнувања

  • безбедното комуницирање - вербалната комуникација доминантна во проектниот менаџмент се унапредува во бизнис-проектите со безбеден пренос на информации, поедноставно чување записи, бази на податоци и комуникација преку нови технолошки решенија

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.