зголеми

 


Beauty Macedonia

 


објаснување на елементите

зголеми

Позадината на која е поставена композицијата претставува златно-жолт релјеф што симболизира неколку елементи. Жолтата е боја на Сонцето (симболот на знамето на Република Македонија, но и самата боја на Сонцето кое го дарува животот на планетава) и бојата на златото кое укажува на богатство. Во својата структура потсетува на античките вредности симболизирајќи ги златните ризници на кралевите на Балканот (пр. златните маски од Требениште) кованите римски монети, златните византиски мозаици со непроценлива вредност, златниот ореол на христијанските светци во многубројните средновековни фрески и икони, златниот вез, накот и филигранот итн.

Втопено во златниот релјеф е впишано името Македонија, строго, едноставно и достоинствено, како што отсекогаш било пишувано и говорено. Натписот е обоен во црвената боја (симбол-боја која историски се провлекува во сите етапи на некакво знаковно претставување на областа Македонија), меѓутоа бојата е ладна и густа, со малку светлина блиска до пурпурната црвена (византиска царска црвена боја на одеждите на царевите и црковните великодостојници). На таков начин се сака да се потврди дека револуционерната "крв-црвена" боја го препушта местото на боја која во себе го симболизира царското достоинство, изобилство, свесност и разумност. Македонија како област е историски наследник на вредностите на Византија и од денешен аспект таа ги ужива културните придобивки на тоа големо царство и може да се пофали како лулка на христијанството во Европа, мајка на словенската писменост, а со тоа да се вброи во ретките земји во светот со долговековна пишана ризница и како таква е дел од светската научна мисла воопшто.

На едно место во историските списи (во периодот кога Апостол Павле го ширел христијанството на Балканот) се споменува дека Македонија е волшебната земја на христијанството. Токму затоа знакот во себе ја носи пораката за една волшебна убавина која во Македонија нема само естетско значење (чиста природа, умерена клима, прекрасни пејзажи, заради што е вметната и зелената боја) туку многу повеќе сугерира на една егзотична убавина во која се ужива и предизвикува задоволство. Исто така, Македонија и со своите природни елементи и со своите културни придобивки претставува дом на благородни луѓе, дом на плодна земја, дом на дарежлива природа, така што не случајно националните карактеристики на луѓето кои живеат на овие простори се препознаваат преку великодушноста и гостопримството. Македонија е земја во која секој е добредојден.

Просторите во кои живее денешна Македонија се места каде живееле многу генерации, каде се кралствувало и се царувало, каде се освојувало и се победувало. Дабовиот лист е симбол кој гордо стоел на златните круни на македонските кралеви (Пајонците, Македонците...), укажувајќи на нивната цврстина, сила, храброст и непокорност. Понатаму, Дабот како симбол се појавува и до денес се почитува во христијанството, дабово дрво е бадниковото дрво, а Бадник кај православните христијани го најавува Божиќ - Христовото раѓање. Исто така, дрвото сугерира на македонската традиција за копаничарството (воодушевува техниката на длабока резба во полно дрво), единствена и оригинална по своето уметничко значење. Дабот во знакот истовремено ги симболизира чистотата на потеклото, но и природата на потеклото. Како растителен елемент тоа се врзува за екологијата, совршената природа, органската храна итн.

Во знакот е внесен транспарентно и нежно елемент од македонскиот народен вез кој од своја страна симболизира традиција и народна култура. Наспроти целата одговорност пред големата светска историја што овој простор ја носи во своето име и постоење, Македонија може да се пофали со префинетата леснотија со својата традиција. Народниот вез го персонифицира народот, поколенијата и генерациите кои живеат во Македонија. Народот во Македонија е креативен и духовно богат. Народниот вез ја симболизира слободата на неговиот дух што е привилегија само на уметностите. Низ шарата на везот се исткаени секојдневните чувства. Со необична леснотија везот поставува совршен ред, лесен ритам, богата мелодија, музичка декорација, фолклор кој возбудува и воодушевува во својата отвореност, ослободува од строгите рамки на однесување како исконска потреба на непокор и немир. Низ сите елементи на традицијата, фолклорот, етнологијата и градителството Македонија го потврдува своето потекло, религија и убавината на природата.

Знакот во својата сликовна претстава ги содржи клучните елементи кои се однесуваат на убавината на Македонија. Тоа се: историските придобивки, културните вредности, чистата природа, богатата традиција и духот на народот. Конечно, Македонија е убава, богата, плодна, дарежлива и единствена.


автор, Емилија Софеска

мотив

Мотивот за изработка на овој знак потекнува од потребата да се прикаже еден сегмент со кој Македонија учествува во огромното светско богатство, природно и културно. Знакот во себе носи препознатливост, означува убавина, чистота на потеклото, совршена природа, традиција, култура, егзотични сонувања, генеза и историја. Знакот се однесува првенствено на препознатливоста на Македонија (во културна, економска, политичка итн. смисла) и во својата суштина сака да го покаже односот на самите нас кон себеси, а со тоа и кон другите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

инспирација

           

Маска Требениште, Охрид

Ранохристијански мозаик, Студенчица, Охрид

Икона Св. Богородица Одигитрија - XIII-ти век

Икона Благовештение - XIV-ти век

Низи тутун

Дојранско Езеро

 

             

Монета - Александар Македонски

Теракотна икона, Виница, V-ти и VI-ти век

Цар Јустинијан I (483-565), мозаик

Ангел, фреска - Курбиново,1191

Фреска од манастирот Св. Никита, Скопје, XIV-ти век

Народен вез - фолклор

 

             

 

Круната на македонските кралеви

Монета од времето на Пајонците

Теракотна икона, Виница, V-ти и VI-ти век

Дрворез, дел од иконостасите од XIX-ти век

Лист од македонско дабово дрво

 

 

             

 

Фибула, железно доба

Женски елек

Народни везови на ткаенини

Вез од женска кошула од Дебарца, волна во боја

 

 

             

 

 

Природни убавини, архитектура и народ

дома      услуги      производи      работа      за нас      контакт
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.